Тато на Буле му прави братче

Виц-блиц

Дошол малиот Буле во собата кај родителите и прашува:

-Тато, тато, што правиш?

-Излези, синко, ти правам батче!

Буле излегол. По некое време еве го пак:

-Тато, тато, што правиш?

-Сѐ уште ти правам братче, излези!

Буле пак излегол. Поминале два-три часа, па Буле пак:

-Тато, тато, што правиш?

-Добро, Буле, зарем не гледаш дека сѐ уште ти правам братче?!

– Добро тато, но кога ќе бидеш готов, ќе сакаш мене да ми направиш велосипед?

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.