Столе и секс реинкарнација

Потребно време за читање: < 1 минута

Се заинтересирале Столе и Столејца за реинкарнацијата и спиритуализмот. Слушнале, виделе и прочитале сѐ што им излегло пред очи, им влегло в уши и им паднало в раце, па конечно се договараат оној што прв ќе умре да му се јави на другиот по 30 дена. Набрзо Столе загинува во сообраќајна несреќа. Според договореното, на 30-от ден Столејца се обидува да оствари контакт со Столе на другиот свет. Го повикува во текот на сеансата:

-Столеее, Столеее…Овде тојата Столејца. Ме слушаш?…Леле, да знаеш колку ми недостигаш?!…Како ти е сега таму кај што си? Столеее…

По долги повици конечно се јавува Столе:

-Те слушам, Столејце моја, те слушам…Овде е прекрасно. Сино небо, чист планински воздух, тишина за милина…шумско цвеќе, ниска трева, зелени ливади на кои е секогаш сончево…

Столејца плачејќи:

-И што правиш таму? Како ти минува времето?

Столе одговара:

-Знаеш, Столејце моја, стануваме пред да излезе сонцето и по изобилен појадок не правиме ништо друго, туку само се сексаме. По ручек имаме двочасовен одмор, па пак се сексаме до пред вечер, до кај 6 часот. Потоа вечераме и ако имаме сила продолжуваме да се сексаме, но тоа главно зависи од подготвеноста на партнерката. Околу 2 часа пред полноќ заспиваме и така секој ден.

Столејца сета шокирана прашува:

-Па, зарем е можно?! Дозволено ли е тоа така во рајот?

А Столе:

-Во рајот?! Столејце моја, јас не сум во рајот!

Столејца почнува да кука како кукавица:

-Леле, леле, јас кукавица…Па каде си тогаш, Столе мој?

-Јас сум ти сега зајак на Шар Планина.

Leave the first comment