СТИВНУВАЊА НА ТРЕПЕТИ, поезија/двостишија, 331-335

Потребно време за читање: < 1 минута

331. Следам

Сончев зрак и сенка
во врамено огледало.

332. Книга

Заробила пајажина книга
во агол на заборав и немост.

333. Некој свет

Некој сè уште жив свет
спокоен, таен и самотен.

334. Немоќ

Не можам да замислам
кругови во единствен круг.

335. Ден година

На хоризонт траги
наши, ветровити.