Промашување

Виц-блиц

Човек доведува бремена жена кај гинеколог на контрола, а по неа го прашува докторот:

-Докторе, како ми е жената?

-Па, знаете, имаме проблем. Бременоста е вонматерична.

-Докторе, еве ви 1.000 евра.

-Немојте толку, Ве молам, па тоа е едноставна интервенција.

-Ама тоа не е за интервенцијата, туку за никому да не му кажувате дека сум промашил.

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.