310. Неќиш ни очи да ми видиш, а камо ли да скршиш некој збор со мене.
311. Со семенки ти је полна црпката.
312. Ќе ме бараш ко ќе ме нема, ама нигде нема да ме најдиш.
313. „Добар си беше чоеко“-се вели кога ќе се разбери за чоеко оти умрел.
314. Мал чоек не можи со голем оти је мал.
315. Брго го заборајвме завалијата.
316. Можи чоек да поулај од многу думање? Досега не се чуло за таков.
317. Се осилил неарен во умо, та го пали народо надеајќи се дека уште ќе владеј со него.
318. Прво раздели, да се знај кој је кој и шо је шо, па после испреплети.
319. Знајш оти губиш, а се перчиш ко петел на буниште. Не ти чини то. Потсмири се и изгуби ко чоек.
320. Глуп си кога збориш за нешто за шо не си учел, нито го разбираш.
321. Кој ли ве научи и кој ли ве учи да сте дотолку глупај!
322. Море токмаци, народо не ве казни, туку ви порача појќе да не му излегуате пред очи.
323. Не можиме заедно ако ти је поважно твојто од она шо треба да биди наше.
324. Не се простуа грешење од ѓоамити љубов.
325. Без ронка ум!
Барате народо да ви ги прости грешките и греојте шо ги сторивте работејќи против него.
326. Ти добронамерно му велиш да се вразуми, а он уште појќе се будали.
327. Политиканто кој ја губи власта најпрвин го покажува и искажува својо простотилак.
328. Предоцна и џабе за шо било допрва. Народо толку не ве поднесува шо не може ни да ве смисли.
329. Неписмени и полуписмени, недоветни и неразбрани, абдали и тапоумни-ептен подобни за слугинско и предавничко страховладеење.
330. Никој и ништо се мисли оти је некој за сешто.
331. Ај сиктер и да не дај Господ да ми излезиш пред очи!
332. Стар бел дедо ви порачува да научите шо следи по казна.
333. Ако се плашиш да мислиш, тогај не збори.
334. Се смеј ко да му се плачи.
335. За никаде си кога паѓаш за појќе да не станиш.
336. Партиски лигуш: дури се лигај се прај слеп при очи и ништо не слуша.
337. За ништо не си чим те прегазило времето шо го живејш.
338. Секогаш е најтешко да почниш. После други по тебе продолжуваат накај полесно.
339. Веќе сум помирен со то дека дур сум жив нема ни да се видиме. Зашто нема зошто.
340. Умност секогаш малу, а најмалу од властодршци и властољупци.
341. Ептен си ја закашкал, па ништо ни те мие ни те пере.
342. При знаење не смеј да фали опитност.
343. Ако нема без пари, нека има ќеф.
344. Напрај добро за паметење и заборај го оти си сакал да го напрајш.
345. Не ти је важно ја шо мислам за да не се замислиш.
346. Прав политичар је оној шо не прај политика за свое богатење.
347. Мене си ми љубов и по многу години без тебе.
348. Ем лажиш ем се лажиш, шо значи оти со тебе не бидуа вистина.
349. Во ветер збори ветрогон.
350. За напред је стамен чоек.
351. Ако знајш шо сакаш од мене, ќе ми кажиш зошто, како и кога.
352. Првин избери од видните и решителните луѓе.
353. Во зборуањето не можиш да му најдиш ни почеток ни крај зато шо зборојте му се врзани во јазел.
354. Вреди живот живеан со љубов.
355. Од чесен почесен, ма најчесен и од вреден повреден, ма највреден-а сиромав би, стана и остана.
356. Меѓу зошто и како се појќе до кога.
357. Не кажуа многу за себе, но радо слуша за други.
358. Вреди мојта доверба? Од мене и за мене секако.
359. Мора од корен менуање за брзо оплодуање.
360. Се на виделина, поготово во мрачнина сокриеното. После кому колку му следуа.
361. На гордоста најблиски и се ведроста, надежноста, достојноста и доблеста.
362. Песната се пеј, се прекажуа и се прикажуа.
363. То је шо је оти не је за менуање.
364. Многу је глупо да се прај се само за да не се напрај.
365. Со здравје за здравје.
366. Дури можам, нема доста.
367. Годините се колку шо се, а живото је секогаш за уште некое време.
368. Секое дело на чоек од воздив до издив.
369. Права таена љубов је таена до смрт.
370. Ај некако било и поминало. Ама богами тешко со било, но не поминува.
371. Ја не сум за ова време? Не, туку времево не је за мене.
372. Доста со падни-стани. Испрај се, тргај и не запирај.
373. Ај ќе видиме дали пак ќе утниме.
374. Твоја жива трагедија шо со неработа, лажење и крадење преку ноќ се напрај беден богатник.
375. Молчешкум сме се подалеку еден од друг.
376. Предоцна од тебе за нас откога ме нема.
377. Помал ти је проблем поразо одошто шо по него.
378. Страво ќе ве дотолчи, апашишта ниедни.
379. Ни за сожал не сте дека знајте оти народо ќе ве ничкоса наземи.
380. Веќе не можете да сокриете од народо ни оти се спремате да ве снема.
381. Живурка многу време ко да је дамна умрен.
382. Брго ќе бидиш забораен оти не напрај ниедно добро дело за сите.
383. Страотно самоуништуање на политикантско дувло.
384. Биди спокојна во својо свет. Одамна ни во мисла не сум ти.
385. Да се остани чоек во невреме је прво.