НАРОДСКИ ИЗРЕКИ III, 184-236

Потребно време за читање: 3 минути

184. А бре, шо луѓе ќе бевте да не можите да се свестите и со свои очи да прогледате!?

185. Има уште нивни ко нив кои никако не можат без нив-токмаци, измеќари и апашишта?!

186. Прав чоек веќе не можи ни да ги гледа, а камо ли да ги слуша како лажат и се самозалажуваат.

187. И треба да се убедуваат оти пак ќе му бидат натурени на народо за власт шо треба да го доврши уништуањето на се македонско. Кога друго ништо не им преостана.

188. Се извалкавте и се испоганивте, та бистра вода не ве мие.

189. Ај добро, нека ме нема откога ќе ме нема.

190. Ти, љубима, не ни знајш оти сум со тебе меѓу сон и јаве.

191. Творецо не смеј да живурка, туку да живеј пристојно и достојно. Зашто животвори.

192. Чоек сам се извишува до свои врвој со својте дела.

193. Мојта тежина сам си ја носам во живото, без ни да помислам да ја обзнанам.

194. Докажанио дури го држи умо кажува и докажува.

195. Биди секогаш со оние со кои ќе се бориш дури не победиш.

196. Угоре до најгоре и никогаш прудолу.

197. Заедно можиме неразделно.

198. Не можи којзнај шо друго за мене од ова денес пред утре. Ама немам гајле.

199. Спремаат некоја ујдурма од оние шо досега ги праеја. Белки нема да им успеј.

200. Уште нема крај за мене, ама скоро ќе нема ни почнуање.

201. Има меѓу ними шо се срамат да ми излезат пред очи? Има зошто, а не веруам.

202. Пробајте да заборајте на мене и ич нема да ви сметам.

203. Со години наназад не сум сретил некој од оние со кои сум бил некое време. Зашто ја не сакам.

204. Ја во години и она во години со саде наша љубов.

205. Сум пишал и ќе остани пишано за некој да го прочита или прикажи во свое време.

206. А кои сте вие шо ме прашуате кој сум ја?!

207. Катаден исто, значи неменливо.

208. Неќиш да одиш по прав пат оти не ти је стамен чекоро.

209. Ме прашуа зачуден:
-А бе, ти си оној?
Ја му одговарам со усмивка:
-Не бе, не сум. Ја сум овој!

210. Еј, не научија ни оти лагите не можат да се гарантираат со ветено-сторено.

211. Народо од вас излажан, лажан и прелажан пак да ви поверуа?!

212. Знам оти ме позна, ама се напрај ко да се препозна.

213. Саде сила кога је пред крајо.

214. Мајтапо је здрав кога и мајтапџијата и мајтапенио се при умо.

215. Не знајш како је да не те есапат ни за жив и здрав дури не дојдиш на мои години.

216. Како да ги оддуваме шо подалеку некадарниве и апашиштава на власт? Да им се пуштиме со најсилните ветрој шо ги имаме.

217. Нема кој плодна земја да земи под свое и да ја работи. Се запустуа сама.

218. Здраво семе во туѓа, болно и заразно во своја.

219. Нити глас од мене до тебе, нити трага од тебе до тебе.

220. А бе чоек, не можи времето да је на твоја страна. Тоа је или твое или не је.

221. Како можиш ама не можиш?! Ако ти не можиш, ќе можи некој шо можи.

222. Се му фали на чоек шо нито чита, нито слуша, нито гледа.

223. Не је асолна држава во која политичарите се поплатени од учените и животворците.

224. Им дале силници власт на апашишта и будалишта за да играат на нивна свирка.

225. Вреден је живото само ако го живејш со и меѓу вредни дела.

226. Една љубов не се споредува со друга.

227. Ништо не се завршуа кога саде се почнува без да се знај како ќе заврши.

228. Не веруј во вистини, туку во вистина.

229. Некој рекол вака, некој онака, а ја велам како је.

230. Никому не му веруам на се беспоговорно.

231. За да ти го прифатиме извинуањето за грешењето, првин треба да кажиш кој ти је ќаро од него и какви се последиците по него за нас.

232. Се прави учен, а је полуписмен.

233. Појќе ценам прв меѓу еднакви, одошто прв пред еднакви.

234. Не је љубов шо не била ни ќе биди.

235. А бре шутраци, ќе кажите ли на вашио крај кај сте на северо од?

236. Ќе гласа за крадачиве без ум и со измеќарска нарав само оној шо је ист ко шо се они.