283. Кој посега по туѓо, од своето губи.
284. Ја си играм своја игра создателна.
285. Чоек си је чоек со чоек.
286. В апсаана сите шо му се огрешиле на народо.
287. Не земај сè при срце. Нема долго да издржи. Ќе ти пукни.
288. Не чиниш кога знајш оти не чини она шо го прајш.
289. Сè појќе гледам појќе селски магариња во градојте ни, одошто градски во селата ни.
290. Власт која се плаши од народо не само шо је ненародна, ами је и злодејна.
291. Срамота је твојто дете да знај, а ти да не знајш.
292. Со арно и со убоо да си го живејте животецо. Мојо веќе како било.
293. За нас нема ни како ни кога штом нема ни зошто ни затоа.
294. Како можи чоек да биди нигде и за никаде?!
295. Убоо је да играш во љубов, а ич не чини да си играш со неа. Она така не се дава.
296. Веќе немате лаги за наивни и будали, па почнавте да измислуате во ветер и магла.
297. До раб на амбис го дотуркавте народецо, шо да не можи ни да стој ни чекор назад да напрај.
298. Моја грешка од мене совреме согледана лесно попраам.
299. Ништо ко досега со овие, па ја отсега со секој свој на свое.
300. Саде на твојо крај не можиш да почниш одново.
301. Ти си стварно нетокму кога читаш шо неписмени пишувачи ти пишале, а си го исклучил мозоко.
302. Кој не је со народо и за народо, ами је против него и пробуа да го уништи, нему народо ќе му суди.
303. Не смејш долго жеден да останиш. Жеден преку река ќе те пренесат.
304. Глупави на власт и младо и старо глупираат.
305. Нема друго чаре, освен црно на бело на виделина.
306. Од шо безмерно се сакате, појќе од сè шо добивте ќе изгубите.
307. Непријатело дома је позлосторен од непријатело надвор. На очи те краде и те прај будала.
308. Сè појќе, сè поскоро и сè побрзо власта за на клоци.
309. Срцево ќе ми пукни оти тебе ич не ти је гајле за мене без тебе.
310. И со кого и за што и како. Исто и до кога.
311. Ништо не е свршено дури по свршуање можи пак да почни.
312. Валкани и крадени пари го вртат свето.
313. Во живото има сè и сешто меѓу убајни и грдотии, нежности и грубости. Твое је совреме да ги припознајш и да ги стајш под свое.
314. Чоеко је чоек оти си је свој на своему и прај колку можи и колку знај за арнина.
315. Да достоиме исправени на нозе дури минат и нè одминат али дури не ги надвладејме невремињава.
316. Не се губиш ако трага своја зад себе си остааш.
317. Не ни било пишано да се паметиме.