127. Ако не му чини на комшијата, не ти чини али нема да ти чини ни тебе.
128. Разбуден и ранет во последна битка за преживување.
129. Круши под круши паднале, ама скоро ќе изгнијат оти нема кој да ги собери.
130. Староста сама не се догледуа.
131. Вашио крај без нов почеток со нас.
132. Се накотиле глувци, се затрупале глувчешки дупки.
133. Скоро ќе падните за појќе никоаш да не станите.
134. Нема лек за во самотија без тебе.
135. Народо знај кој знај и можи, ама него никој не го прашуа.
136. Нема исти кај шо едни имаат многу, та премногу, а други немаат ич.
137. И ова невреме ќе мини, ама на жалост ќе мини и нашето.
138. Вака им се можи зато шо им се дозволи.
139. Шо оти је буден кога не се освестуа?!
140. Пред очи сум ти, а ме бараш! Ја не сакаш да ме најдиш, ја ме знајш ама не ме знајш.
141. Оптимисто не го гледа свето низ розој очила.
142. Љубов непорочна за живеачка во спокој, игра и радуање.
143. Истај ми се од пато, злосно чоече.
144. Расипани луѓе расипуаат сè до што ќе се доберат.
145. Дај им власт на полуписмени и нетокму во умојте, па можиш да прајш во државата шо сакаш и како сакаш.
146. Лажги и крадби од народо не можат да се прикријат, сокријат, ни со шо било да се покријат.
147. Осилени сте оти ве осилуа стратешкио партнер пред кого коленичите и кому му слугуате.
148. Ти саде мисли и создаај дела ко си немаш попаметна работа за себеси.
149. Значи, решено је сè да пропадни штом сè се расипуа и урива.
150. Како-така ти без мене, ја со тебе.
151. И многу и малу је доста за оној кому не му значи ништо.
152. Поарно никако одошто од лошо полошо.
153. Секој на свое за заедно.
154. Да си немаш никаква работа со будалишта и апашишта на власт.
155. Со мене никој ко мене.
156. Ти треба некој оти не можиш сам, а ни со сите.
157. Предоцна за тебе кога совреме не го послушуаш оној шо совреме предупредуа, укажуа и докажуа.
158. Итри и будали апашишта се плашат од умни и учени праведници.