16. Пак недорек
Не е првпат
а којзнае колкупати
ме оставаш да продолжам
јас пак сам
кон твоја гола суштина
на твој далечен хоризонт
што можеби ќе биде наш.
Некогаш.
Ајде избери
конечно конечен збор
и доречи го докрај
до пред твојот молк.
Што да нема никогаш
ни сомнеж ни признание
дека премали
трагајќи по минато
меѓу безброј можности.
Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.
Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.