586. Шо ќе беше ова, шо је и шо ќе биди, луѓе?! Којзнае, можи допрва да биди и бетер!
587. Секој чоек мора да најди нешто за бар малу радуање. За да не збудали од саде тагуање.
588. Тамам работа сè мое да споделувам со некој. Ко секој друг, и ја имам само мое.
589. Џабе ти је сè шо прајш уште да си прајш, ако ти је сè одмилено.
590. Секој е некој. Макар само за себе.
591. Ептен жешки шлаканици им удрија на властодршциве без образ.
592. Го губам здиво пред личоќа на слободна жена.
593. Мене ме загрижуа то шо некој заскитан куршум можи да потрефи некого од политикантиве на власт.
594. Прекардашивте со корупцијава! „Стратешкио партнер“ веќе не мојт со вас, па скоро ќе мора да ве собери и да ве пушти низ вода.
595. Шо знам, русокосана мене не ми изгледа баш задоволена. Натурениве властодршци ко да не ѝ се покажале ем докажале.
596. Знајте зошто партија на власт митингуа пред божем многу членој ем приврзаници? За Америте скоро да не ја откачат.
597. Прашам помилуан:
Шо прајш отко те помилуала топлата рака на твојо лидер?!
598. Толку забегаа, шо ќе мораат скоро да бегаат, џенем да се сторат.
599. Власта докажуа дека е долга нејната рака мафијашка.
600. По толку години дојденец, сега викаат дека тој доаѓа!
601. Зошто ми се срдиш либе дека сум со друга, а добро знајш оти сум само твој?
602. Жената је жена како жена, а мажот је маж дека је маж. Сите се луѓе ако се. За ними толку од мене.
603. Гнил им је живото на оние шо сè прифаќаат од гнилио Запад ко шо је.
604. Здраво општество прај држава со сите нишани.
605. Можи да не те засега, ама само засега. Или не си за овде оти не си одовде.
606. Те гледам задуман, ко сè да ти е преку глава.
607. Кому му остаам понешто од мене?! Па шо и ако никому?
608. Ај не ме лажи барерм дури ме гледаш право в очи.
609. За правата љубов секогаш малу зборој.
610. Сè ми се чини оти некој ќе се распука бидејќи веќе му је пукнат филмо.
611. Никогаш ко сега на власт толку многу неписмени, дибеци и апашишта, а богати та пребогати!
612. Простако по природа је нападен, тврдоглав и себичен.
613. Ја кога се радуам на успех на близок, се радуам искрено, сесрдно и безгранично.
614. Моите дела си се мои, а ти ако сакаш можи да бидат и твои.
615. Не сум ти рамен оти не си ми.
616. Ти не знајш кој сум ја зато шо не знајш.
617. Никому ништо не му должам, а ми должат многу.
618. Кога чоек сака, сè му је на свое место.
619. Ако не си на власт за пари, тогај си за да напрајш нешто арно за државата и народот али оти си властољубив.
620. Шо можи мене да ме запри? Саде умирачката!
621. Те дупат во здрав мозок, чоече, а ти им слугуаш и им се лигавиш!
622. Да дај Госпо во неврат да отидите, вие изроди, велепредавници и слуги на туѓини!
623. Денес је лесно да собериш знаење за шо ти треба. Ич не ти треба за да бидиш во партија и да се добериш до власт.
624. Уката и културата најпојќе страдаат кога власта је неука и некултурна.