110. Од убавина
Не се живее од убавина без пари.
111. Власт и пари
Власт за пари и без пари побудалува.
112. Труење на народ
Трујат народ за побрзо да изумре.
113. Кај
Кај ли најдоа вакви што ги бидува само за лажење и крадење!?
114. Расипувачи
До што се фатија, сè израсипаа. Тешко им на оние што ќе се нафатат да прават одново сè.
115. Доста
Доста се гребете, се умилкувате и се лигавите за трошки и голи коски од нивната преполна трпеза!
116. Фитилот
Некој треба да го запали фитилот.
117. Мора
Мора апашиштава на власт и со неа да се гонат до последен!
118. Лошотија
За оваа лошотија ниеден добар збор.
119. Мал човек
Терај си ја работичката и како сака нека биде.
120. Во љубов
Во љубов си и баш ти е гајле.
121. Векот
Го мина векот трчајќи по богатство, па сега не те држат нозете.
122. Порачување
Прашај се некогаш зошто да имаш. Не само зошто немаш.
123. Добро-Лошо
Добро е дури е црно на бело. Лошо е што е сè повеќе црно на сиво и зацрнето.
124. Смеење
Ти се смеат не зашто си смешен, туку дека си глупав.
125. Големи и дребнави
Со големи можат дребнави, но на големи дребнави големци не можат ни да им се доближат.