ЕДНОСТИ III, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици), 116-120

Потребно време за читање: < 1 минута

116. Левент

Од далеку иде левент сам.

117. Пејовити

Собрала песна пејовити момци.

118. Забер

Надвиснал забер над длабина.

119. Огледување

Убост се огледува во скришен извор.

120. Сеач на согласки

Сеач сее согласки во говор грмежлив.