96. Еднаквост-Нееднаквост
Мудростите на големите луѓе, оние што со своето дело ја задолжиле човековата цивилизација, како и изреките, пословиците-поговорките, ги запишуваме за кога врз нас ќе навали заборавот. Ако катадневно не ни кориостат, ако катадневно не ги користиме, и мислата ни и зборот ни немаат тежина, свежест, автентичност. Многу се, недоброј, и се искажани или напишани толку прецизно, над сè јасно и едноставно, што лесно можеме да згрешиме нешто во нив при прекажувањето или препишувањето, па да изгубат најмногу од себеси.
За еднаквоста и нееднаквоста :
Тие го следат човекот од раѓање до смрт. Тој постојано се бори еднаквоста да му е меѓу првите во личната и колективната слобода, а нееднаквоста да ја надминува уште при првиот чекор, уште при првите чекори во слобода.
Еднаквоста и нееднаквоста најмногу ги определуваат делата на човекот.
Можеме да бидеме еднакви во сè? Се разбира дека не. Треба ли да бидеме еднакви во сè? Се разбира дека не.
Прифаќаме да бидеме нееднакви за да живуркаме? Во никој случај и никако! Се помируваме со нееднаквоста во животот до смрт? Никогаш и никаде!
Македонски народни пословици и изреки
Два метра земја ги прават сите луѓе луѓе.
Лујѓето голи се родени и отко ќе умрат смртта до коски ги разголува.
Секој сака да стигне некој, па после да го престигне.
Јас и ти сме на исто, ама прибидејќи јас не сакам да сме не сме.
Пословици и изреки на народи во светот
Кога богаташот би стоел долу, а сиромавиот горе-тие сепак не би биле еднакви. (Еврејска)
Пепелта ги изедначува сите: се раѓаме нееднакви, умираме еднакви. (Сенегалска)
Шајка која стрчи треба да се зачука. (Јапонска)
Тешко му на глушецот кој со мачка војува. (Хрватска)
Совршената љубов не може да биде без еднаквост. (Шкотска)
Латински изреки
Еднаквоста не раѓа војна. (Aequalitas haud parit bellum.)
Лажната еднаквост е двојна нееднаквост.
Домисла, гесло, мисла водилка
Сите сме во ист чамец, само што едни веслаат, а други ловат риби.
Анонимус
Рекле, издумале
Треба само малку да размислиш и секогаш ќе најдеш дека нешто си му згрешил на човечкиот род, па макар само тоа што, поради постојната човечка нееднаквост, се користиш со извесни предности.
Имануел Кант
Ако добро промислиме, сепак сме сите голи во својата облека.
Јохан Михаел Худтвалкер
Еднаквоста е плод на фантазијата. Еден човек секогаш мора да биде повисок.
Перл Бак
Кога едни мораат да слушаат наредби на други, нема збор за еднаквост.
Готфрид Гилберт
На човечката нееднаквост виновни ѝ се и оние што се величаат себеси и оние кои себеси се сметаат за пониски.
Лав Николаевич Толстој
Нас не нè раздвојува бездна, туку разлика во нивоата.
Станислав Јержи Лец
Два црни карактера, а колку со различни бои!
Станислав Јержи Лец
Од ист извор пијат и мудрец и будала.
Станислав Јержи Лец
Сети се дека оној кого ти го нарекуваш роб настанал од иста материја од која и ти, дека ужива во исто небо во кое и ти, дека дише ист воздух, дека има ист живот и чека иста смрт.
Луциј Анеј Сенека
Неколку часа искачување на планина ќе преобрази еден светец и еден никаквец во двајца пријатни слични луѓе. Заморот е најкраткиот пат до Еднаквоста и Братството и, на крајот, Слободата ќе потоне во Сон.
Фридрих Вилхелм Ниче
Еднакво право за сите-тоа е најголема неправда зашто со тоа најизвишените луѓе се ускратени.
Фридрих Вилхелм Ниче
Неволјата со еднаквоста е што сакаме да се изедначиме со оние кои се повисоки од нас.
Анри Франсоа Бек
Дефектот на еднаквоста е тој што ја посакуваме само со надредени.
Анри Франсоа Бек
Нееднаквоста е причина за сите движења.
Леонардо да Винчи
Димот кој се издига кон небото е подеднакво светол од колиба и од палата.
Вилјем Вордсворт
За во срцето да се одржи чувството на хуманост и еднаквост, треба да се намалат своите потреби.
Менг Це Менциус
Сите живееме под исто небо, но имаме различни хоризонти.
Конрад Аденауер
Премногу сум стар за нешто да кудам, но секогаш доволно млад нешто да направам.
Јохан Волфганг Гете
На еднаквите со еднакви им е најлесно.
Цицерон
Сфаќањето дека сиромашните и богатите се еднакви пред смртта почива на заблуда. Сиромашните и богатите не се еднакви пред смртта, туку дури по смртта.
Герхард Бранстнер
Економската нееднаквост е објективен и од човекот независен факт во карактерот на човечката работа.
Едвард Кардељ
Ни меѓу цвеќињата нема еднаквост.
Мирослав Крлежа
Реката може да стане море, но таа не ќе може никогаш да постигне морето да биде дел од неа самата.
Рабиндранат Тагоре
Луѓето живееле како рибите; поголемите ги проголтале помалите.
Алгерном Сиднеј
Кога некој Персијанец го прашал Лисандер кој државен облик најмногу го одобрува, тој одговорил: „Оној кому на честити и никаквеци им суди според заслугите“.
Плутарх
Кога волјата на жената е еднакво јака како и волјата на мажот да владее со неа, тогаш половина од нејзината сила мора да остане прикриена.
Џорџ Елиот
Пред Господ сите сме еднакво мудри и еднакво глупави.
Алберт Ајнштајн
Еднаквоста е душа на слободата, без неа всушност нема слобода.
Франсис Рајт
Една од работите во врска со рамноправноста не е само спрема вас да се постапува еднакво со мажот, туку и еднакво да се однесувате спрема начинот на кој се однесувате спрема мажот.
Марло Томас
Веројатноста дека вродените раззлики се еден од придонесувачите на социјалниот статус не значи дека таа е единствена која придонесува за општествениот статус.
Стивен Пинкер
Рамноправноста на половите е повеќе од цел сама по себе. Таа е предуслов за соочување со предизвикот на намалување на сиромаштијата, придвижувањето на одржлив развој и изградбата на добро управување.
Кофи Анан
Повеќе земји сфатија дека рамноправноста на жените е предуслов за развој.
Кофи Анан
Рамноправноста на половите е пресудна за развој и мир на секоја нација.
Кофи Анан
Рамноправноста на половите не е нешто за што би требало да се бориме, треба да биде секогаш.
Робин Ојенији
Ги сакам свињите. Кучињата се огледуваат на нас. Мачките нè гледаат од висина. Свињите спрема нас се однесуваат како спрема еднакви.
Винстон Черчил
Феминистка е секој што ја признава еднаквоста и целосната хуманост на жените и мажите.
Глорија Стејнејм
Сите сме книга на крвта. Каде било да сме отворени, црвени сме.
Клајв Баркер
Што било да е мое право како човек, наедно е и право на друг.
Томас Пејн
Верувам во еднаквоста на сите.
Махатма Ганди
Расата, полот, религијата, сексуалноста, сите сме луѓе и тоа е тоа.
Конор Франта
Кога ќе погледнам човек, гледам човек кој не е ранг, не е класа, не е титула.
Крис Јами
Делови од мене кои порано мислеа дека сум поинаков или попаметен или што-годе друго, речиси ме натераа да умрам.
Дејвид Фостер
Наша е неспособноста да ги препознаеме, прифатиме и славиме тие разлики.
Одр Лордер
Сите сме еднакви во фактот дека сме сите различни.
Ц. ЏојБел Ц.
Не допуштајте багажот да ви ги дефинира патувањата, секој живот се одвива поинаку.
Шејн Којчан
Нашите разлики се битни, но нашата заедничка човечност е поважна.
Бил Клинтон
Без оглед колку ќе живеам, нема да ги имитирам, ниту да се мразам себеси зашто сум поинаков од нив.
Орхан Памук
Ако ја мразите разликата, ќе ви здодева до смрт.
Тоба Бета
Секој поединец е важен. Секој поединец има своја улога.
Џејн Гудал
Разбирањето јазици и други култури гради мостови. Луѓето ќе можат да ги видат нивните сличности пред разликите.
Сузи Касем
Мораме да ја допуштиме разликата во вкусот.
Џејн Остин
Разликата во мислењата не подразбира начелна разлика.
Мајк Клепер
Не можете да направите разлика ако не се разликувате.
Крис Хоџис
Сите сме на различни патеки, но тргнавме во иста насока.
Марти Рубин
Разликите меѓу мажите и жените е сè потешко и потешко да се измислат.
Марти Рубин
Светот не ја слави вашата сличност, туку вашата различност.
Бернард Клајв
Пушти ме да бидам јас или пушти ме.
Ентони Лисион
Иако море разлики може да нè подели, под него е цел свет на заедништво.
Џејмс Розоф
За да направите разлика, би морале некако да бидете поинакви.
Џони Дент
Спортските настани како Олимписките игри развиле и одржале јасна порака на движење на родовата рамноправност како основен критериум на успех на кој било меѓународен настан.
Ричард Атијас
Сите луѓе се создадени еднакви, само што мажите се тие кои се поставуваат над еднаквоста.
Дејвид Алан Ко
Како тоа жените да имаат еднаквост кога е во прашање удар, а остатокот од времето се само сопствеништво на некој тип?
Џоана Вајлд
Вистинска еднаквост значи не да се однесуваш спрема сите на еднаков начин, туку подеднакво да одговараш на сите различни потреби.
Тери Иглтон
Верувам дека секогаш сум бил голем верник на еднаквоста. Никој никогаш не можел да ми каже дека не сум можела нешто да направам зашто сум била девојче.
Ен Хатавеј
Жените се обучувани да зборуваат тивко и да носат кармин на усните. Тие денови поминаа.
Бела Абзуг
Сè ова зборува за рамноправноста. Единствено што на луѓето им е навистина заедничко е дека сите ќе умрат.
Боб Дилан
Чувствувам дека еднаквоста стигнала кога можеме да избираме на функција жени кои се еднакво неквалификувани како некои мажи кои се веќе таму.
Морин Реган
Емоционално, сексуално и психолошко стереотипирање на жените започнува кога лекарот ќе каже: „Тоа е девојче“.
Ширли Чисхолм
Не сме дошле сите со ист брод, но сите сме во ист чамец.
Бернард М. Барух
Кога сонцето излегува, им излегува на сите.
Алдоус Хаксли
Сите луѓе да бидат еднакви е предлог за кој во вообичаено време ниеден разумен поединец никогаш не дал своја согласност.
Алдоус Хаксли
Само посакајте понекогаш луѓето спрема вас да се однесуваат како спрема човек, а не прво да го видат вашиот пол и кој сте друг.
Френсис Огради
Како мажи, сите сме еднакви во присуство на смртта.
Публилиј Сириј
Сите граѓани на државата не можат да бидат подеднакво моќни, но можат да бидат подеднакво слободни.
Франсоа Мари Аруе Волтер
Сите луѓе се еднакви. Не раѓањето, туку само доблеста прави разлика.
Франсоа Мари Аруе Волтер
Единствен начин да се реши проблемот на женската подреденост е да се промени начинот на размислување на луѓето и во секој ум да се всади нова идеја за родова рамноправност.
Кингронг Ма
Време е сите родот да го гледаме како спектар, наместо како два збира на спротивни идеали.
Ема Ватсон
Ниедна земја на светот уште не може да каже дека постигнала рамноправност на половите.
Ема Ватсон
Рамноправноста на половите мора да стане проживеана стварност.
Мишел Бачелет
Рамноправноста на половите ќе се постигне само ако бидеме во можност да ги оснажиме жените.
Мишел Бачелет
Рамноправноста на половите е предуслов за надминување на гладот, сиромаштијата и епидемиите.
Халид Малик
Што се случило на патот кон рамноправноста на половите? Многу работа.
Сузан Бјанчи
Еднаш кога ќе се изедначи со мажот, жената му станува надредена.
Сократ
Ако сите мажи се родени слободни, како тоа сите жени да се родени робинки?
Мери Астел
На жените кои сакаат да бидат еднакви со мажите им недостасува амбиција.
Мерлин Монро
Ако од жените се очекува да работат иста работа како и мажите, мораме да ги научиме на исти нешта.
Платон
Жена која мисли дека е интелигентна бара исти права како и мажот. Интелигентната жена се откажува.
Сидони Габриел Колет
Секое сериозно поместуваање кон одржливи општества мора да ја вклучува рамноправноста на половите.
Хелен Кларк
Жените сакаат да бидат третирани како еднакви, а не како продолженија!
Кети Лет
Најлош облик на нееднаквост е обидот нееднакви нешта да се изедначат.
Аристотел
Еднаквоста се состои во исто постапување со слични лица.
Аристотел
Ако слободата и еднаквоста, како што мислат некои, главно можат да се најдат во демократијата, најдобро ќе се постигне кога сите лица во најголема мера ќе учествуваат во владата.
Аристотел
Единствена стабилна држава е онаа во која сите луѓе се еднакви пред законот.
Аристотел
И конечно, во нашево време брадата е единствената работа која жената не може да ја направи подобро од мажот, или ако може нејзиниот успех се осигурува само во циркуз.
Џон Штајнбек
Низ животот постоеле разлики-тоалети за мажи, тоалети за жени, облека за мажи, облека за жени-а на крајот гробовите се идентични.
Лејла Абулела
Маса од човештвото не е родена со седла на грбот, ниту се малку кои сакаат да ги јаваат.
Томас Џеферсон
Сметаме дека овие вистини се саморазбирливи: сите луѓе се создадени еднакви, а нивниот Творец ги надарил со одредени неотуѓиви права, меѓу кои се живот, слобода и потрага по среќа.
Томас Џеферсон
Учите за еднаквоста во историјата и на граѓаните, но откривате дека животот всушност не е таков.
Артур Еш
Генерациите кои доаѓаат ќе ја научат еднаквоста од сиромаштијата, а љубовта од јадот.
Калил Џибран
Луѓето се прилично слични. Единствено што се нашите разлики почувствителни на дефинирање од нашите сличности.
Линда Елерби
Како што се зголемува еднаквоста, така расте и бројот на луѓе кои се борат за превласт.
Мејсон Кули
Како што модерното масовно производство бара стандардизација на стоките, така и општествениот процес бара стандардизација на човекот, а таа стандардизација се нарекува еднаквост.
Ерих Фром
Мажите се раѓаат еднакви, но се раѓаат и поинакви.
Ерих Фром
Ниеден човек не е над законот, а ниту еден под него.
Теодор Рузвелт
Сите сме слични, однатре.
Марк Твен
Начелото на еднаквоста не ја уништува фантазијата, туку го спушта нејзиниот лет на ниво на земјата.
Алексис д Торквил
Некои секогаш ќе бидат над други. Уништете ја нееднаквоста денес, утре ќе се појави повторно.
Ралф Валдо Емерсон
Еднаквоста е можеби право, но ниедна сила на земјата неа никогаш не може да ја претвори во факт.
Оноре де Балзак
Од еднаквоста на правото извира идентитетот на највисоките интереси. Не можете да го подривате правото на својот сосед, а сами да не си нанесете опасен удар.
Карл Шурц
Еднаквоста не е во тоа различни нешта да се разгледуваат слично. Еднаквоста е во тоа различни нешта различно да се гледаат.
Том Робинс
Никаков напредок во богатството, никакво омекнување на манирите, ниту една реформа или револуција никогаш не ја доближиле човечката еднаквост ни милиметар.
Џорџ Орвел
Да се живее денес каде било во светот и да се биде против еднаквоста поради расата или бојата, е како живот на Алјаска и против снегот.
Вилијам Фокнер
По природа сите луѓе се еднакви во слободата, но не и во други надарености.
Свети Тома Аквински
Еднаквоста е јавно признание, ефективно изразено во институциите и манирите, на начелото дека е еднаков степенот на внимание поради потребите на сите човечки суштества.
Симон Вејл
Еднаквоста на можностите е еднаква можност за докажување на нееднакви таленти.
Херберт Семјуел, Виконт Семјуел
Ако човек не е оддаден на верата дека целото човештво се негови браќа, тогаш залудно и лицемерно работи во лозјето на еднаквоста.
Адам Клејтон Пауел помладиот
Не е вистина дека еднаквоста е закон на природата. Природата нема еднаквости. Нејзин суверен закон е подредноста и зависноста.
Лук д Клапиер Вовенарж
Еднаквоста пред законот веројатно е засекогаш недостижна. Тоа е благороден идеал, но никогаш не може да се оствари зашто она што мажите го ценат на овој свет не се правата, туку привилегиите.
Хенри Луис Менкен
Засега не е вистина дека луѓето се природно еднакви, дека двајца луѓе не можат да бидат половина час заедно, туку едниот ќе стекне очигледна надмоќност над другиот.
Семјуел Џонсон
Да се сите нешта еднакви во сите луѓе, ништо не би се ценело.
Томас Хобс
Еднаквоста е удел на секој при нивното доаѓање на земјата, а еднаквоста е и нивна кога е сместена под неа.
Ана „Нинон“ од Енклос
Еднаквоста и слободата не се луксуз кој лесно се отфрла. Без нив редот не може долго да издржи пред да се доближи до длабочините надвор од замислувањето.
Алан Мур
Кај што нема еднаквост, нема ни крепост.
Николо Томазео
Еден човек не е ништо повеќе од друг ако не направи повеќе од него.
Мигел де Сервантес
Една од основните разлики меѓу обичните луѓе и оние што тоа не се е во тоа што обичните луѓе не ја гледаат разликата меѓу луѓето.
Мирослав Мика Антиќ
Еднакво умираат оние што работат многу, како и оние што не работат ништо.
Хомер
Луѓето прво биле браќа, подоцна станале еднакви…Слутам дека еден ден човек на човека нема да му биде ништо.
Брана Црнчевиќ
Никој не може да ви всади чувство на помала вредност без ваша согласност.
Бертолд Брехт
Љубовта создава еднаквост, но не ја бара.
Стендал