80. Мисла- Мислење–Размислување-Промислување-Расудување
Само мислата го продолжува постоењето и опстојвањето на човекот. Таа го прави човекот човек во вистинска смисла на зборот, во сета негова големина. Останува тоа и кога ќе го нема, кога ќе стаса на крајот.
Мислењето-размислувањето-промислувањето-расудувањето на нештата е важно особено во решавачки и решителни моменти, кога ризикот мора да се сведе на најмала можна мера. Мислиш, размислуваш промислуваш, расудуваш па решаваш, па преземаш, па дејствуваш.
Мислата е добро да е од умност и длабокоумност, од искуство и поука. Таквата е за паметење, особено кога е дотогаш неречена или незапишана. Или, пак, е слична, ама не иста на од друг, од други.
Македонски народни пословици и изреки
У секого има мисла, ама блазе си му кој си ја има чиста.
Што излегуа од устата, тоа било и во мислата.
Пословици и изреки од народи во светот
Мислата е слична на копање бунар: водата е најнапред матна, па потоа полека се избиструва. (Кинеска)
Да се мисли не е исто и да се сака. (Кинеска)
Латински изреки
Quot capita, tot sententiae. (Колку глави, толку мислења.)
Cogito, ergo sum. (Мислам, значи постојам.)
Начело на филозофскиот рационализам на Рене Декарт.
Домисла, гесло, мисла водилка
Едно е она што е добро, друго е она што е пријатно. И едното и другото, разликувајќи се во својата цел, поттикнува на делување. Благословени се оние што го избираат доброто; оние што ќе го изберат пријатното ја промашиле целта. И доброто и пријатното му се нудат на човекот. Мудрите, разгледувајќи ги обете, го разликуваат едното од другото. На мудрите им е подраго доброто од пријатното, а на будалите, водени од телесни страсти, подраго им е пријатното од доброто.
Упанишади
Нека ни доаѓаат благородни мисли од сите страни!
Риг-Веда
Читањето мисли не е ништо. Читањето задни мисли е нешто.
„Непсабадшаг“
Ако никогаш над ништо не сте се замислиле, тогаш имате за што да размислувате.
„Литературнаја газета“
Рекле, издумале
Не знам ни како мислам, ни како живеам, ни како чувствувам, ни како постојам.
Франсоа Аруе Волтер
Луѓето умираат, спомениците се уриваат и сè оди во прав и пепел. Единствено мислата сè надживува.
Паоло Мантегаца
Дали ја дочекав староста само затоа што секогаш мислам едно те исто? Не! Јас се стремам секој ден да смислам нешто ново, за да не бидам здодевен. Човек мора непрестано да се менува, да се обновува, да се подмладува.
Јохан Волфганг Гете
Размислувањето е поинтересно од знаењето, но помалку интересно од посматрањето.
Јохан Волфганг Гете
Да се мисли е лесно, да се работи тешко, а да се работи следејќи своја замисла е најтешка работа на светот.
Јохан Волфганг Гете
Многумина луѓе сакаат да покажат доследност, тврдејќи дека своето мислење не го менуваат. Имено, тоа само покажува дека ништо не научиле од денот кога нивното мислење се формирало. Толку очевиден доказ на сопствено незнаење и глупост не треба да се удира на големо ѕвоно.
Гистав Ле Бон
Штом едно чувство се преувеличува, исчезнува способноста за расудување.
Гистав Ле Бон
Леснотијата со која одредени мислења стануваат општи произлегува од неспособноста на повеќето луѓе да создадат сопствено мислење засновано на сопствено размислување.
Гистав Ле Бон
Нашето мислење станува непроменето кога ќе престанеме да мислиме.
Анри Милтон д Монтерлан
Искуството е дете на мислите, а мислата е дете на акцијата. Не можеме луѓето да ги учиме од книги.
Бенџамин Дизраели
Мислата е бесмртна под услов постојано одново да се менува.
Станислав Јержи Лец
Мислата мора да биде подлабока отколку што може да досегне раката на власта.
Станислав Јержи Лец
До длабока мисла треба да се искачиш.
Станислав Јержи Лец
На оној што се плаши да мисли, обично му велиме дека е дисциплиниран.
Станислав Јержи Лец
Да се мисли слободно значи нешто големо, но да се мисли правилно значи уште повеќе.
Томас Торилд
Нема ништо ни добро ни зло, туку нашата мисла ги прави такви.
Вилјем Шекспир
Мислата што е гола логика личи на нож кој има само острица-ја окрвавува раката која се служи со неа.
Вилјем Шекспир
Најзначајни се оние наши мисли кои се спротивставуваат на нашите чувства.
Пол Валери
Најтивките зборови донесуваат бура. Мислите кои настапуваат со нечујни чекори управуваат со светот.
Фридрих Вилхелм Ниче
Има големи мисли кои прават исто што и мевовите: вдахновуваат и создаваат поголема празнина.
Фридрих Вилхелм Ниче
Не треба да се самозапалуваме поради своите мислења бидејќи во нив никогаш не можеме да бидеме сосем сигурни. Но, можеби подобро би сториле кога би ги возвишиле или промениле.
Фридрих Вилхелм Ниче
Мислите се сенки на нашите чувствувања-секогаш помрачни, попразни и поедноставни.
Фридрих Вилхелм Ниче
Кога ти се случуваат несреќи, знај дека тие не потекнале од она што си го направил, туку од она што си го мислел.
Лав Николаевич Толстој
Плодот никнува од семе; делата никнуваат од мисли.
Лав Николаевич Толстој
Лоши мисли раѓаат лоши постапки.
Лав Николаевич Толстој
Сите мислат за промена на светот, но никој не мисли за промена на самиот себе.
Лав Николаевич Толстој
Сите мисли кои имаат големи последици се едноставни.
Лав Николаевич Толстој
Мислите се ослободени од царина.
Мартин Лутер
Да мислиш, значи да се движиш низ бесконечноста.
Анри-Доминик Лакордер
Колку е умот поширок, толку повеќе пати поради своите граници.
Едмундо Тиандиер
Бескорисно е да се побива туѓо мислење…Мислењата се како шајки: колку повеќе удираме по нив, толку тие подлабоко се зацврстуваат.
Александар Дима
Мислата не е зависна од нашата волја.
Оноре де Балзак
Секое човечко мислење е субјективно, па според тоа без вредност.
Чуанг Чу
Кога сите мислат исто-значи никој не мисли многу.
Валтер Липман
Независноста во мислењето е прв знак на слобода.
Свами Вивекананда
Ние сме она што нашите мисли го направиле од нас, така што водете грижа за тоа што го мислите. Зборовите се секундарни. Мислите живеат, тие патуваат далеку.
Свами Вивекананда
Земете една идеја. Направете таа идеја да е ваш живот-мислете за таа идеја, сонувајте за таа идеја, живејте според таа идеја. Нека мозокот, мускулите, нервите, секој дел од вашето тело биде полн со таа идеја. И оставете секоја друга идеја. Ова е патот до успехот.
Свами Вивекананда
Ако сакате за вас да се мисли добро, немојте вие за себе добро да зборувате.
Блез Паскал
Ако премалку или премногу размислуваме за нешто, тоа нè прави тврдоглави и фанатични.
Блез Паскал
Човекот е само трска, најслаба во природата, но тоа е трска која мисли.
Блез Паскал
На луѓето им е поважно нивното мислење да е прецизно, одошто вистинито.
Џорџ Сантајана
Има луѓе кои никогаш ништо не мислат. Тоа ги спасува да не мислат погрешно.
Антоан д Сент-Екзипери
Кој пее, зло не мисли. Кој мисли, не му е до песна.
Милован Витезовиќ
Многу е полесно да се забрани туѓо мислење, одошто да се одбрани свое.
Влада Булатовиќ-ВИБ
Светот се дели на луѓе кои мислат и на луѓе кои имаат мислење.
Влада Булатовиќ-ВИБ
Човечката мисла претставува ôд од поголеми кон помали заблуди и од помали кон поголеми вистини.
Руѓер Бошковиќ
Мислата е добра штом е последицата добра.
Хенрик Сјенкјевич
Ние сме она што мислиме,
бидејќи сме станале она што сме мислеле.
Како што тркалото ја следи оската на колата,
така и тагата ги следи грдите мисли.
А радост ја следи чистата мисла,
како сенка, верно следејќи го човекот.
Ние сме она што мислиме
станувајќи она што сме мислеле.
Буда
Мисла нè заробила, мисла може да нè ослободи.
Пол Брантон
Особина на длабоките мисли е да изгледаат така природно, што ни се чини дека се наши сопствени.
Анри Море
Треба да му се суди на човек не според неговото мислење, туку според тоа што тоа мислење направило од него.
Георг Кристоф Лихтенберг
Ако двајца берз престан имаат исто мислење, тогаш еден е одвишен.
Винстон Черчил
Обиди се да не мислиш дека се паметни само оние што мислат како ти.
Уго Ојети
Никогаш не е сам оној што е во друштво на благородни мисли.
Џон Флечер
Будала е оној што не мисли дека и друг мисли.
Џорџ Херберт
Независноста на мислите е најгордо благородништво.
Јиржи Менцел
Вистински длабоко е само она што е апсолутно смирено. Длабоките води се мирни и длабоки, шумите се спокојни, и длабоката мисла не може да се замисли поинаку одошто мирно.
Јован Дучиќ
Најголемата разлика меѓу паметен човек и простак е во тоа што паметниот човек мисли и се труди што подобро да научи или да измисли за да биде попаметен од своите стари, а неговите деца од него. Простакот радо би сакал да остане како што му биле старите, а неговите деца како што е и тој. Колку јаден и жалосен би бил овој свет да се сите луѓе онакви како што биле нивните стари!
Вук Стефановиќ Караџиќ
Подобро е воопшто да не се размислува одошто да се размислува недоволно.
Тристан Бернар
Млад човек не треба да жали дека нема милиони да развие некоја идеја. Размислувањето не чини ништо, а помага да се создаде идеа.
Никола Тесла
Ако се обидам да продолжам прекинат тек на мислите, чувствувам вистинска духовна мачнина, тогаш ненамерно преминувам на друга работа изненаден од свежината на умот и леснотијата со која ги совладувам пречките кои претходно ми ги расипуваа сметките. И редовно наоѓам одговори на тешки прашања со најмал напор.
Никола Тесла
Научниците денес мислат длабоко наместо јасно. Човек мора да биде здрав за да мисли јасно, но може да се мисли длабоко и да се биде прилично луд.
Никола Тесла
Размислувањето е најголема добродетел и мудрост и се состои во тоа што човек ја зборува вистината и, наслушувајќи ја природата, постапува во согласност со неа.
Хераклит
Јас ги сакам селаните. Тие не се толку учени за да можат да расудуваат наопаку.
Мишел де Монтењ
Правилното расудување води кон правилна работа.
Мишел де Монтењ
Да се разбере светот и да се сака, тоа се две нешта кои е тешко да се помират.
Лорд Џорџ Сарли Халифакс
Малку сфаќаат оние што го разбираат само она што може да се сфати.
Мари фон Ебнер-Ешенбах
Дејството на пораката повеќе зависи од способноста за прифаќање на оној кому му е упатена, одошто од нејзината содржина.
Жозеф Мари Девондел
Кој сака да му поверува на неговиот суд, нека го изрече ладно и без страст.
Артур Шопенхауер
Објективно гледано, честа е мислење на други за нас, а субјективно наш страв од тоа мислење.
Артур Шопенхауер
Биди сведок на обете-и на среќата и на патењето.
Свами Сатјананда Сарасвати
Слаби се тресат пред мислење, глупави му пркосат, мудри го судат, а вешти со нив управуваат.
Жан Платиер
Неволјата со политичарите е во тоа што премногу зборуваат, премалку слушаат и воопшто не стигнуваат да мислат!
Џорџ Жан Нејтан
Човек кој никогаш не го менува своето мислење е како застоена вода, ги храни рептилите на својот ум.
Вилијем Блејк
Ако мислите дека тоа можете да го сторите, можете.
Џон Бароуз
Ако сакаш нешто да направиш дење со памет, тогаш размислувај за тоа ноќе.
Питагора
Најстарите и најкратките зборови „да“ и „не“ бараат најмногу размислување.
Питагора
Ако на вистинскиот Англичанец му соопштиме некоја мисла-а тоа е секогаш преурането и опасно-нему ни во сон не му паѓа на ум да размислува дали таа идеја е добра или лоша. За него е само важно верува ли самиот собеседник или не верува во тоа што го рекол. Меѓутоа, вредноста на некоја мисла нема ама баш никаква врска со чесноста на оној што ја изразил. И навистина, најверојатно таа идеја ќе биде подуховита колку е понеискрен човекот кој ја изрекол зашто во тој случај таа нема да поприми ништо од неговите потреби, желби и предрасуди.
Оскар Фингал Вајлд
Мислата и јазикот на уметникот се орудие. Пороците и добродетелствата се граѓа на уметникот.
Оскар Фингал Вајлд
Ако на ситните духови им падна на памет некоја добра мисла, тие веќе не можат да се ослободат од неа. Таа мисла ги држи цврсто како магнет; имено, таа е поголема од нив.
Фридрих Хебел
Блазе си му на човек кој ќе постигне мудрост и на човек кој ќе добие разумност!
Соломон
Бладаат луѓе и стануваат уморни од животот кога пред себе немаат некоја цел кон која би насочиле секој свој напор и секоја своја мисла.
Марко Аврелиј
Какви ти се вообичаените мисли, таква ќе биде и природата на твојата душа-зашто мислите на душата ѝ даваат боја.
Марко Аврелиј
Човековиот живот е онаков каков што го обликуваат неговите мисли.
Марко Аврелиј
Дали мислиме „љубов“ кога велиме „љубов“?
Семјуел Бекет
Длабоко сум убеден дека мртвите живеат дотогаш, додека има живи кои мислат на нив.
Виктор Иго
Има извесни мислители чија филозофија не е ништо друго, туку некој душевен комодитет, некое римување на мислите.
Иво Андриќ
Јас мислам да не го мислам она што велам дека го мислам, зашто кога би го мислел она што велам дека го мислам-всушност ништо не би мислел ни смислил.
Питер Фердинанд Дракер
Кога мислите се стварни и искрени, тие не заминуваат.
Аврил Лавињ
Убавите мисли ја градат душата.
Џон Маркс Темплтон
Ние мислиме само кога се соочуваме со проблеми.
Џон Девеј
Ние се држиме до своите мислења како сè да зависи од нив. Меѓутоа, нашите мислења немаат трајност; како есени и зими што постепено минуваат.
Џуанг Це
Мислата не познава време. Во тоа е разликата меѓу мислите и соништата. Мислата може да види сè во секунда. Може и да ја искуси вечноста. Можеш да поставиш затворено коло, а мислите по него ќе се вртат без престан. Такви ти се мислите. Не се тие како сон кој може да се прекине. Тоа ти е како енциклопедија на чепкалка.
Харуки Мураками
Мисли што сакаш, зборувај што мораш.
Рене Антоан
Мудриот човек мисли за сè со одредена разлика: тој се задлабочува таму кај што дното има отпор и мисли секогаш дека постои уште нешто што не може да се замисли. Неговото мислење оди толку далеку како и неговата грижа.
Балтазар Грацијан и Моралес
Најголемо оружје против стрес е нашата способност да избереме една мисла во однос на друга.
Вилијем Џејмс
Најголеми успеси се отвораат пред вас само ако преземате најтешки ризици избалансирани со ладнокрвно проникнато расудување.
Ог Мандино
Немаме моќ над што било освен над своите мисли.
Рене Декарт
Не можете да живеете позитивен живот со негативни мисли.
Мајли Сајрус
Ништо не се случува во вашиот живот-ништо што прво не постоело како мисла. Мислите се како магнети кои ви ги привлекуваат последиците. Мислата не мора секогаш да биде очигледна и со тоа јасно причинска, како на пример „Јас ќе се заразам со страшна болест“. Мислата може да биде (и обично е) многу потенка од тоа. („Јас не сум заслужил да живеам“; „Мојот живот е секогаш во збрка“; „Јас сум губитник“; „Бог ќе ме казни“; „Уморен сум од животот и доста ми е тој“.) Мислите се мошне префинет, но исклучително моќен вид енергија.
Нил Доналд Волш
Оние што никогаш не го повлекуваат своето мислење повеќе се сакаат себеси отколку што ја сакаат вистината.
Жозеф Жубер
Насоката на мислата е поважна од нејзиниот напредок.
Жозеф Жубер
Она што човек го мисли без престан, го одредува со своите постапки во време на можности и стрес. Јас ќе знам што си ако ми кажеш што мислиш за тоа кога не треба да мислиш.
Дејвид Оман Мекеј
Чувства, чувства и чувства. Дај да се обидам да размислувам наместо тоа.
Клајв Стејплс Луис
Внимавај на своите мисли, тие стануваат зборови. Внимавај на своите ззборови, тие стануваат дела. Внимавај на своите дела, тие стануваат навики. Внимавај на своите навики, тие стануваат карактерни особини. Внимавај на својот карактер, тој станува твоја судбина.
Луј Пастер
Внимавајте на своите мисли; тие се почеток на постапки.
Лао Це
Поентата е во тоа сите да мислат поинаку.
Робин Ријана Фенти
Премногу често уживаме во мислење без нелагодни мисли.
Џејмс Фентон
Премногу левичарски мисли наликуваат на играње со оган од страна на луѓе кои не разбираат дека огнот е жежок.
Џорџ Орвел
Прво доаѓа мислата; потоа организација на мислите во идеи и планови; потоа трансформација на тие планови во стварност. Почетокот, како што забележувате, е во вашата имагинација.
Наполеон Хил
Мислам дека барем илјада пати сум изразил мислење дека не може да се победи човек кој внимателно ќе направи разумен и праведен конечен план, кој им донесува добро на сите на кои се однесува, а потоа развива самодоверба која му е потребна да го оствари.
Наполеон Хил
Размена на мислења е неопходен услов за секоја љубов, секое пријателство и секој вистински дијалог.
Хорхе Луис Борхес
Само кога ќе го убиеш човекот ги убиваш неговите мисли.
Аугуст Шеноа
Сообразност во мислењето создава пријателство.
Демокрит
Скромните луѓе не мислат дека се помалку вредни. Тие едноставно за себе мислат помалку.
Кенет Бланшард
Што ви е гајле што мислат другите луѓе?
Ричард Фајнман
Секој што размислува е мој непријател.
Наполеон I Бонапарта
Да се убие со мисла она што се сака; тоа е единствен начин на умирање.
Симон Вејл
Умот е сè, стануваш она што мислиш.
Тад Вилијамс
Верувам дека луѓето можат да придвижуваат ствари со своите мисли.
Џастин Тимберлејк
Сакам да бидам фантазијата што ја имаш ти во своите мисли.
Лана Дел Реј
Животот е комедија за оние што мислат, а трагедија за оние што чувствуваат.
Жан Расин
Во сите ствари е здраво повремено да се стави знак на прашање на нешта кои долго сте ги земале здраво за готово.
Бертранд Расел
Факт е дека некое мислење широко распространето не е никаков доказ дека не е сосема апсурдно.
Бертранд Расел
Халуцинацијата е факт, не грешка; она што е погрешно е суд донесен врз основа на неа.
Бертранд Расел
Мислам дека секогаш треба да ги забавуваме нашите мислења со сомневање во некоја мера. Не би требало да сакам луѓето догматски да веруваат во некоја филозофија, дури ни моја.
Бертранд Расел
Никогаш не би умрел за своите убедувања, зашто можеби не сум во право.
Бертранд Расел
Мислата е субверзивна и револуционерна, деструктивна и страшна. Мислата е немилосрдна спрема повластиците, институциите и лагодните навики. Мислата е голема, брза и слободна.
Бертранд Расел
Не плашете се да бидете ексцентрични во размислувањето, зашто секое денес прифатено мислење некогаш било ексцентрично.
Бертранд Расел
Перфекцијата на мислите и конфузијата на целите е изгледа наш најголем проблем.
Алберт Ајнштајн
Најскриените мисли на жената морате да ги читате од затворени очи.
Ингрид Бергман
Мисла која не умее да мисли завладеа со светот.
Бранко Миљковиќ
Онака како што размислуваш, таков и ќе станеш.
Брус Ли
Човекот често станува она што мисли за себе. Ако постојано повторувам дека некои ствари не можат да се направат, веројатно е и дека нема да можам. Спротивно на тоа, ако верувам да можам, сигурно ќе стекнете способност тоа да го направите.
Махатма Ганди
Мислите ли дека можете-или мислите дека не можете-во право сте!
Хенри Форд
Често морам да мислам едно, а да зборувам друго. Тоа го нарекуваат дипломатија.
Франк Херберт
До најдлабоките и најчистите вистини побрзо се доаѓа со чувство одошто со размислување.
Анатол Франс
Фанатик е лице кое не може да го промени своето мислење, а не сака да ја промени темата на разговорот.
Теодор Рузвелт
Единствено место кај што твојот сон станува невозможен е твоето размислување.
Петар Петровиќ Његош
Една од најчудните појави е што се залажуваме дека од зависни новинари можеме да очекуваме независни мислења.
Сигмунд Граф
Зашто е исто мислењето и битието.
Парменид
Кога мислата ќе стане претерано болна, акцијата е најдобар лек.
Салман Ружди
Луѓето кои под ургенција на нови сознанија своите мислења не се кадарни да ги менуваат, немаат многу услови и причини ни да ги имаат.
Борислав Пекиќ
Ние немаме никакво право да изразиме мислење доколку ги немаме сите одговори.
Курт Кобејн
Најдобрите идеи доаѓаат како шега. Направете го смешно вашето мислење како можно.
Дејвид Огилви
Не станува збор за тоа дека сум глупав! Едноставно понекогаш не размислувам!
Колин Фарел
Не ме интересира што луѓето мислат за мене. Ме интересира што тие мислат за себе.
Леди Гага
Ништо не придонесува за душевниот мир толку, колку недостигот на мислење за стварите и појавите.
Јохан Нестрој
Ништо не можам да сторам, но мислам. Толку можам.
Меша Селимовиќ
Она што ти го мислиш за себе е многу поважно одошто она што други го мислат за тебе.
Селена Гомез
Па јас верувам дека постојат луѓе кои се редовно негативни и депресивни и зеле спротивен пристап, зашто тие размислуваат најлошо, а нивните мисли стануваат сè полоши и полоши.
Барбара Еренрајх
Постојат два вида будали; оние кои не можат да го променат своето мислење и оние кои не сакаат.
Џош Билингс
Пред да научите да пишувате, научете да мислите.
Никола Боало
Размената на мислења е неопходен услов за секоја љубов, секое пријателство и секој вистински дијалог.
Хорхе Луис Борхес
Запомнете го мојов совет: секогаш промислете двапати.
Џејн Џексон
Жените не сакаат да слушнат што мислиш. Жените сакаат да слушнат што мислат тие, само со подлабок глас.
Бил Козби