ДУМА, ОПИТ, УКА

Потребно време за читање: 2 минути

55. Милосрдие-Милостиња

Милостиња навистина дава оној што дава од срце и со срце кое сака. Навистина е милосрден оној, кој со секого разговара од срце, а не со умот или усните, кој на секого му покажува почит, кој го проповеда словото Божјо и служи од искрено срце и нелицемерно. Со еден збор, оној што е во состојба во своето срце секого да прегрне и да го понесе со својата љубов, презирајќи сè што е материјално, што се појавува како пречка за љубовта меѓу него и ближниот. Таков е, значи, навистина милостив.

Mакедонски народни пословици и изреки

Ако даиш со десната рака милостина, гледај да не те узнаи левата.

Дај милостина за греоите да ти се простат.

Дај милостина лебец и чаша студена водица, за поеќе греси да ти се простат.

Дај му милостиња на сиромав, ако е сакат.

Дај на сиромав милостиња и не чекај да ти ја враќа.

Дај му на пијаница милостиња за да се бие шега.

Да не даваш милостина вино и ракија, оти грео не ти се проштаа.

Којшто дава милостина, многу бргу осиромашуа.

Којшто дава на сиромав милостина, пред Бога му се наоѓа.

Пословици и изреки од народите на светот

Полесно е да се земе отров отколку милостиња. (Персиска)

Кој на светлина дава милостиња, во мрак му се возвраќа. (Германска)

Нема поголема милостиња од онаа што просјакот му ја дава на просјак. (Германска)

Поради давање на милостиња не се продава кесе. (Шпанска)

Има такви што даваат милостиња, но не даваат оти мораат. (Португалска)

Навистина ви велам: ја примивте својата плата. (Арапска)

Раката што дава секогаш е над онаа што прима. Милосрдието не гледа на причините на бедата, туку на бедата. Милосрдието е клуч за небо. (Турска)

Милосрдниот човек не станува богат; богатиот човек не станува милосрден. (Кинеска)

Домисла, гесло, мисла водилка

Значи, кога даваш милостиња не труби пред себе, како што прават лицемерно на собири и улици за да ги фалат луѓето.
Библија

Кој е милосрден со сурови луѓе, со време станува суров спрема милосрдните.
Талмуд

Рекле, издумале

Тој што растура не мисли да помага, туку ако нему му загусти може само милостиња да дава. Тој што растура може само да позајмува за растурените да бидат под него, оти треба да има што помалку над него. А тој што чека милостиња, нему и личното достоионство му бега, го напушта, отстапува пред сожалувањето и понижувањето.
Свети Јован Кроштадски

Милостињата еднакво ги понижува оној што ја прима и оној што ја дава.
Анатол Франс

Слабите и безуспешните нека пропаднат-прво начело на нашето милосрдие. И уште во тоа треба да им се помогне.
Фридрих Ниче

Никогаш од милосрдите спрема несреќен не ја навлекувај на себеси неговата судбина.
Грацијан, Балтазар и Моралес Грацијан

Милосрдие е само тогаш вистинско кога го даваш она што си откинал од себеси. Ако милосрдието не е жртва туку одвишок, тогаш само го раздразнува оној што ја добива.
Лав Толстој

А ти, ако чиниш милостиња, да не знае твојата левицата твоја што прави десницата твоја. Така што да биде милостињата твоја тајна; и татко кој гледа тајно, ќе ти плати јавно.
Луциј Анеј Сенека

На живите им треба поголемо внимание и милосрдие одошто на мртвите.
Томас Арнолд

Leave the first comment