Потребно време за читање: 17 минути

157. Способност

Способност докажана со дејствија, со работа, со создадени дела. Способност за нешто, за некои нешта, но никој и никогаш способен за сè.

Најважно во животот кога е збор за способноста: работи го, создавај го она за што те бидува, за што си се оспособил со ука и опит.

Најважно во врска со способноста: одговорен си и чувствуваш одговорност за она за што си способен. За она за што не си, одговорен е оној што го знае тоа а го премолчува, а се прави дека не го гледа; знае ама таков и токму тој му одговара.

Најважно за способноста во животот: треба да си способен да живееш, да работиш, да создаваш. Без оглед каков ти е,  без оглед каков си избрал.

Македонски народни пословици и изреки

Не те бидува, ама не си признаваш и никому не му признаваш.

Не се исти двајца исто способни.

За ти напред и за напред со тебе само според способности. Според ништо друго, а поготово не според роднинство, близост и сакање.

Дури учиш од едни и од други,способен си сè повеќе и за сè повеќе нешта.

Човек е способен до смрт да си ја расте способноста.

Пословици и изреки од народи на светот

Најголема способност на човек е да се прилагодува. (Француска)

Умот е способен да создаде сè што ќе замисли. Ако има услови и можности. (Германска)

Секој е способен за секогаш повеќе во животот. (Арапска)

Труди се секогаш да бидеш поспособен отколку што си. (Италијанска)

Способни сме колку што веруваме дека сме. (Руска)

Способноста постојано се докажува со свест за сопствените слабости. (Руска)

Имаме дарба за создавање, но и да уништуваме создадено. (Балкански народи)

Напорот и упорноста ја претвораат способноста во постигнување. (Англиска)
Керол Сузан Двек

Успехот е резултат на способност да се разбере друг човек и сè да се гледа со свои очи. (Турска)
Стивен Кови

Латински изреки

Болниот не бара елоквентен лекар, туку способен да го излечи. (Non quaerit aeger medicum eloquentem, sed sanantem.)

Колку човек знае, толку и може.

Знаењето му дава на човекот моќ, а способноста да го користи тоа знаење му дава можност да споделува добро и корисно со блиски.

Способноста на минатото е големо во сегашноста, а особено во иднината.

Луѓето се смируваат се задоволуваат со помалку отколку што се способни.

Човекот верува во своите способности.

Способноста за склучување мир е секогаш поретка отколку за војна.

Домисла, гесло, мисла водилка

Ако човек не е способен за ништо, способен е на сè.
Литературнаја газета

Да се биде во хармонија со други е способност во која едни се поуспешни од други.
Анонимус

Не се плашам од способноста на други. Се плашам само од оние што се способни на сè.
Непсабадшаг

Способниот човек е закана за неспособните.
Анонимус

Рекле, издумале

Ако размислите за последиците, не можете да бидете слободни. Слободата значи способност да ги заборавиме искуството и моралот.
Орхан Памук

Ако највисоките нешта се непознати, тогаш највисоката способност или доблест на човекот не може да биде теоретската мудрост.
Лео Штраус

Ако не очекуваш ништо од некој човек, тој не е способен да те разочара.
Силвија Плат

Ако не постигнувате напредок кој би сакале да го постигнете и сте способни да го постигнете, тоа е едноставно затоа што вашите цели не се јасно дефинирани.
Дарен Харди

Ако постојано не се среќавам со предизвици што ги надминувам, како да знам дека сум способен?
Дејвид Грабер

Ако направиме сè за што сме способни, во буквална смисла ќе се воодушевиме себеси.
Томас Едисон

Ако немате способност да се промените себеси и сопствените ставови, тогаш ништо околу вас не може да се промени.
Анвар Садат

Ако ги потиснете вашите негативни емоции, ја губите способноста да ги почувствувате вашите вистински желби.
Џон Греј

Ако имате способност да учите од своите грешки, тогаш неуспехот е буквално невозможен бидејќи секое отфрлање ве доближува до совршенството.
Нил Штраус

Ако си способен секогаш да му се насмевнуваш на животот, животот секогаш ќе ти се насмевнува.
Брајан Трејси

Ако луѓето немаа страв, ќе беа способни за сè.
Кен Фолет

Ако човек е способен да поднесе многу, нему му се налага да поднесе многу повеќе-целиот свет.
Семјуел Ричардсон

Ако човек не ја изгубил способноста да очекува среќа, тој е среќен. Во тоа е и среќата.
Иван Бунин

Аналогиите имаат способност да предизвикуваат спомени.
Алистер Рејнолдс

Арогантните луѓе имаат тенденција да ги преценуваат сопствените способности и да ги потценуваат сите други.
Дејвид Балдачи

Ах, зошто душата е способна да биде секогаш исполнета со стремежи и толку срамежлива!
Фридрих Хелдерлин

Без амбиција е невозможно да се искачиш на врвот, а без способност е невозможно да се задржиш таму.
Раул Гонзалес

Без херои би биле обични луѓе и не би знаеле на што сме способни.
Бернард Меламуд

Без да се познавате себеси, не можете да ги познавате другите. Следствено на тоа, кој се спознал себеси може да се смета за човек способен да ја познае суштината на нештата.
Јошида Кенко

Без движење човекот се претвора во грд куп сиво месо, бидејќи никој нема способност да си го одржува умот жив.
Сибил Берг

Без оглед каде живееме на планетата или колку тешка изгледа нашата ситуација, ние ја имаме способноста да ги надминуваме и да ги совладуваме нашите околности.
Луиз Хеј

Без способноста да се каже „Не“, согласноста не би имала смисла.
Лоис Мекмастер Бујолд

Без сомнение, верувам во способноста на човештвото секогаш да ги зафркнува работите. Колку и да е одвратно, со задоволство ќе се влошиме.
Мира Грант

Беспомошноста е привремена состојба; природна и константна е способноста да стоите и да одите на свои нозе.
Ерих Фром

Би бил глупава да ги негирам сопствените способности.
Џули Ендрјус

Бог во градите на човекот ја сместил способноста да издржи секаков труд.
Леон Алберти

Богатството е добра слугинка, но неспособна љубовница.
Френсис Бејкон

Бидете способни да се грижите за себе и така ќе биде покорисно за целото човештво.
Сол Белоу

Бидејќи има конкретна цел, човекот се чувствува способен да ги надмине сите проблеми бидејќи неговиот иден успех живее во него.
Алфред Адлер

Вашата најголема сила е способностa да избирате.
Џозеф Марфи

Вистината не се менува во зависност од нашата способност да ја воспримаме.
Лори Готлиб

Вистинската љубов е способност да го даваш највредното, без да очекуваш ништо за возврат.
Орхан Памук

Вистински богат е само оној кој е способен да си го живее животот имено така како што сака.
Адам Ј. Џексон

Вистинскиот знак на зрелост е способноста да размислувате и дејствувате самостојно и да донесувате свои заклучоци.
Даниел Левитин

Во уметноста на елоквентноста главната работа е способноста да се молчи.
Елена Михалкова

Во општеството секогаш имало неодговорни и неспособни луѓе.
Ли Куан Ју

Во љубовта, ова е лошо: сосема ја губите способноста непристрасно да ги оценувате вашите чувства.
Кингсли Амис

Во нашата потсвест е сокриена сила способна да го преврти светот.
Вилијам Џејмс

Во последниот момент дури и непријателот е способен за чин на милост.
Хедер Морис

Во суштина, староста започнува во моментот кога човек ќе ја изгуби способноста да учи.
Артуро Граф

Важно е не богатството што го имаме, туку способноста да го создадеме тоа богатство.
Ричард Фајнман

Вашиот потенцијал и способностите се многу повисоки отколку што мислите
Грант Кардон

Вие дури не се ни сомневате на што е способен човек кога не се плаши од последиците.
Џејмс Лавгроув

Вие сте способни за она што дури не можете да го замислите.
Ерик Бертранд Ларсен

Врвот на способноста е во тоа да знаеме да ја сокриеме.
Франсоа Ла Рошфуко

Волјата е способна да ги промени дури и линиите на нашите раце.
Жан Кокто

Волјата, умот и знаењето се способни да надминат секоја пречка.
Борис Акунин

Времето минува, угледот се зголемува, способноста се намалува.
Даг Хамаршелд

Времето има способност да ги смири сите, дури и најбурните страсти.
Кејт Мортон

Возможно ли е да се одговори на прашањето: што е човек, за што е способен? Да, за сè, апсолутно за сè.
Илја Еренбург

Возбудата на науката е нејзината способност да одговара на големи прашања.
Лин Мектагарт

Всушност, проучувањата покажуваат дека луѓето се ужасни во оценката на своите способности.
Керол Дуек

Верувам дека секој е способен да најде тишина во себе. Таа живее во нас дури и кога наоколу има многу звуци.
Ерлинг Каге

Верувам дека најблагородната дарба на човекот е неговата способност да се менува.
Леонард Бернштајн

Генијалноста е пред сè исклучителна способност да се носи одговорност за сè.
Томас Карлајл

Генијалноста е способност да се видат десет суштини таму кај што обичниот човек гледа само една.
Езра Паунд

Главно е да знаеш за што си способен и да веруваш во своите сили.
Алекс Фергусон

Глупаво е да го моли од боговите она што човек сам е способен да си го стекне.
Епикур

Големите луѓе се способни за големи грешки.
Карл Попер

Големината на човекот е во неговата способност да мисли.
Блез Паскал

Големите команданти стекнуваат слава не со блескави планови, туку со способноста да постигнат победа кога тие планови ќе пропаднат.
Роберт Џордан

Големите луѓе се способни за голема добрина.
Мигел де Сервантес Саведра

Големата умешност на човекот е неговата способност кон растеж.
Маркус Зусак

Да ​​имаш способност да исчезнуваш е единствената навистина восхитувачка мисла.
Томас Бернхард

Да се сомневаш во големото значење на умствените способности е невозможно.
Чарлс Дарвин

Да ја славиме нашата извонредна способност да се развиваме емоционално, ментално, духовно во текот на животот, прифаќајќи нови идеи, мисли, филозофии и начини на постоење и живот.
Вишен Лакијани

Докажано е дека луѓето се единствените суштества кои ја задржуваат способноста да играаат и на зрела возраст.
Вилајанур Рамачандран

Докажувањето на сопствените способности е можеби најопасната самозаблуда.
Фриц Перлс

Душата способна за најдоброто е способна и за најлошото.
Џон Штајнбек

Дојдов до заклучок дека човекот каков што го познаваме денес веќе не е способен да преживее во дивина, користејќи ги само нејзините дарови.
Џон Кракауер

Естетското и моралното значење на постапките директно зависи од способностите на оној што ги прави.
Жан Жене

Егоистите, колку и да се чудни, се способни за голема љубов.
Френсис Скот Фицџералд

Едноставно, не сум способен да заборавам сè што е неважно и не сум способен да задржам сè што е важно.
Џонатан Сафран Фоер

Животот не е трка, туку истрел во целта: она што се брои не е заштедата на време, туку способноста да се најде центарот.
Сузана Тамаро

Жената доведена во очај е способна за сè.
Ги де Мопасан

Зборовите се способни да го променат своето значење во зависност од нашите желби.
Џонатан Коу

За мене, имагинацијата е синоним за способноста за откривање.
Федерико Гарсија Лорка

За мене постои само една форма на величина: способноста да се премости јазот меѓу животот и смртта.
Џејмс Дин

За робот слободата е способност да избира господар.
Леонид Јузефович

Зад невообичаените интереси често се кријат необични способности.
Иван Ефремов

Здравјето е способност да го контролирате вашиот живот.
Хенри Минцберг

Здравиот разум е способност да се согледа реалноста.
Вилијам Голдинг

Знаеме дека еднаквоста на индивидуалните способности никогаш не постоела и никогаш нема да постои, но ние инсистираме дека сè уште треба да се бара еднаквост на можности.
Френклин Рузвелт

Знаењето не се состои од натрупување на факти, туку во секогаш присутна способност за расудување и јасен увид во природата на нештата.
Анагарика Говинда

Зрелоста е способност да ја осознаваме границата на нашите можности.
Курт Вонегат

Замислете си, сите тие кралеви и војводи да не ги нарачаа тие луди катедрали, слики и музика… ние сè уште ќе живеевме во стапови и кал. Затоа што ниту една од овие нешта немаше никаква економска смисла. Способноста на луѓето да „губат време“ е чудо-но токму за тоа е уметноста.
Хаџун Џанг

Запомнете дека храброста не е отсуство на страв, туку способност да продолжите напред и покрај стравот.
Рејчел Абот

И ми се чини дека тој што се посветил на науката не е способен да владее.
Томазо Кампанела

Играта, а не работата, му овозможи на човекот да ги развие своите повисоки способности-сето она што го разбираме под зборот „култура“.
Херберт Рид

Имагинацијата е синоним на способноста за откривање.
Федерико Гарсија Лорка

Излезете од зоната на комфорот и видете за што навистина сте способни.
Роуан Колман

Има огромна разлика помеѓу знаење и способност.
Бека Фицпатрик

Инстинктот нè тера да правиме нешта за кои не сме мислеле дека сме способни.
Саманта Јанг

Интуиција се нарекува способност некои луѓе во дел од секунда погрешно да ја оценуваат ситуацијата.
Фридрих Диренмат

Има толку принципи во светот, колку што има луѓе способни да ги имаат.
Хенри Џејмс

Ја потценувате способноста на луѓето да се однесуваат како идиоти.
Џорџ Ефинџер

Јас не сум способен да застанам. Јас секогаш морам да правам нешто.
Френк Синатра

Ја имате способноста да ме направите среќен, но вие ретко ја користите.
Јукио Мишима

Книгата треба да биде секира способна да го разбие замрзнатото море во нас.
Франц Кафка

Која добрина сака да биде само добрина, а не е способна за цврстина?
Морис Мерло-Понти

Кога амбицијата ја надминува способноста, таа секогаш е рецепт за катастрофа.
Јан Сигел

Кога веќе не сме способни да сакаме, веќе не сме живи.
Даниел Трусони

Кој е способен да издржи, способен е и да запомни.
Маргарет Мазантини

Кој е способен за големи дела, нему му се дозволени големи грешки.
Питер Акројд

Кој е премногу вреден во малото, обично е неспособен за големото.
Франсоа Ларошфуко

Kоj не е способен за промени, тој не преживува.
Спенсер Џонсон

Колку е поголема нашата способност за тага, толку е поголема нашата способност за радост.
Кетрин Сентер

Колку помалку имам, толку сум поспособен да сакам.
Ерих Фром

Креативноста е поврзана со нашата способност да најдеме нови начини за решавање на стари проблеми.
Мартин Селигман

Културата е нашата природа, а способноста за учење и промена е нашиот најважен и основен инстинкт.
Алисон Гопник

Кај што нема простор за манифестирање на способностите, таму нема способности.
Лудвиг Фоербах

Карактерот е способност да се дејствува според принципите.
Имануел Кант

Кој може да каже за што се способни луѓето? Порано мислев дека правилно ги проценувам луѓето, но сега сум сигурен во обратното.
Стеф Пени

Кој не се разбира себеси, тој не е способен да ги разбере другите.
Лууле Вилма

Како нервите или мускулите, способноста за донесување решенија атрофира без постојана употреба.
Бруно Бетелхајм

Луѓето имаат прекрасна способност да веруваат во противречности.
 Јувал Харари

Луѓето немаат секогаш можност да покажат за што се способни.
Ема Стоунекс

Луѓето се способни за сè кога станува збор за животот и смртта.
Џејмс Дашнер

Луѓето се беспокојат од својата привлечност, заборавајќи дека суштината на привлечноста е нивната сопствена способност да сакаат.
Ерих Фром

Луѓето со слаб карактер не се способни да бидат искрени.
Франсоа Ларошфуко

Луѓето кои ги воспримаат сите нешта при срце повеќе од сè се способни за искрена љубов.
Натали Портман

Луѓето кои можат да бидат многу добри се способни да бидат и многу лоши.
Агата Кристи

Љубовта е способна да направи сè.
Емили Дикинсон

Можеби единствено вистинско достоинство на човек е неговата способност да се презира самиот себеси.
Џорџ Сантајана

Мирот е еднаков на способноста за справување со конфликти, со емпатија, ненасилство и креативност.
Јохан Галтунг

Мислам дека секој има способност да биде сакан.
Рики Џервејс

Може да си способен за големи нешта, но животот се состои од мали нешта.
Денг Минг-Дао

Можете да одживеете половина живот и да не знаете за што сте способни-но способноста секогаш доаѓа со вас и само чека да ја пројавите.
Марк Твен

Мудрец е тој што е способен во нужниот момент да се уапси самиот себеси.
Виктор Иго

Молчењето е автентична форма на зборови. Молчи само оној што е способен да каже нешто.
Жан Пол Сартр

Ми се чини дека способноста да се восприма уметноста му се дава на човекот со раѓањето и зависи од неговото духовно ниво.
Андреј Тарковски

Моќта на имагинацијата е способна да ги излечи сите болести.
Сирано де Бержерак

Моќта на говорот се состои во способноста да се изразува многу со неколку збора.
Плутарх

Напредокот е способност на човек да го комплицира едноставното.
Тур Хејердал

Најважно не е сеопфатното знаење, туку сеопфатната способност за разбирање.
Демокрит

Најважниот квалитет што еден лидер може да го поседува е способноста да учи.
Шерил Сандберг

Најголемите умови се способни за најголемите пороци, како и за најголемите доблести.
Рене Декарт

Најголемата доблест во животот е способноста да се смени насоката.
Џек Лондон

Напредокот е невозможен без промени, а оние кои не се способни да го променат своето мислење не можат ништо да сменат.
Џорџ Бернард Шо

Нашата сопствена способност е да имаме идеја, да ја следиме и да ја реализираме. Тоа е она што нè определува на крајот на денот.
Сатја Надела

Не е важно кој е во право и кој е виновен, а е важно кај кого се способните генерали и посилната армија.
Чарлс Буковски

Не е доволно да бидеш богат. Неопходно е да бидеш способен да се справиш со своето богатство.
Бернард Вербер

Не е нужно да се сеќавате на минатото кое не е способно да стане сегашност.
Серен Кјеркегор

Не можам да сочувствувам со сите оние кои не се способни да воспостават врска помеѓу причина и последица.
Глен Кук

Не можете да замислите на што е способен човек кога е гладен, до каде може да стаса.
Тенеси Вилијамс

Не пропуштај да правиш мали услуги: ќе изгледа дека си способен за поголеми.
Епикур

Не треба ли да искусиш сè за да стекнеш способност да се смееш и да се радуваш на сè?
Оноре де Балзак

Неврозата е неспособност да се толерира неизвесноста.
Зигмунд Фројд

На крајот на краиштата, луѓето се различни. Секој го прави она за што е способен.
Сузан Кејсон

Не грижи се ако светот не знае за твоите способности, но грижи се ако ги немаш.
Конфучиј

Неспокојството, болеста на нашето време, доаѓа најпрвин од нашата неспособност да живееме во сегашниот момент.
Тит Нјат Хан

Не секој е способен да биде функционер, како што и не секој, на пример, добар филолог е способен да биде учител.
Херман Хесе

Несомнено, човекот има многу нешта. На пример, способноста едноставно да не го гледате она што не сакате да го видите.
Ларс Густафсон

Ние секогаш ги сакаме оние кои самите се малку способни да сакаат.
Иван Тургењев

Ние сите сме способни за лоши мисли, но многу ретко за лоши постапки; и ние сите сме способни за добри постапкии, но малкумина од нас се способни за добри мисли.
Чезаре Павезе

Ние ги откриваме нашите способности само кога ќе ги разбуди притисок однадвор.
Марк Твен

Ние ја поседуваме само среќата што сме способни да ја разбереме.
Морис Метерлинк

Ние се раѓаме способни да зборуваме со птиците на нивниот јазик, да ги читаме облаците и да ја гледаме нашата судбина во зрнцата песок.
Роберт МекКамон

Ние ја изгубивме способноста апстрактно да ја согледаме убавината.
Оскар Фингал Вајлд

Ние сме способни да го разбереме само она што е достапно за нашето искуство.
Едвард Морган Форстер

Ние сме толку загадочни и ужасни како овој неразбирлив свет. И кој може со сигурност да каже за што сте способни, а за што не сте?
Карлос Кастанеда

Никогаш не знаеш за што си способен додека не се обидеш.
Џозеф Дилејни

Никогаш не го потценувајте она за што се способни луѓето од гордост.
Тимоти Зан

Никој не е способен да најде среќа во вечната осаменост.
Ана Бронте

Никој од нас не може да знае на што е способен додека не се соочи со искушенија и испитувања.
Елизабет Блеквел

Ништо живо не е способно да се развива толку брзо и така предвремено да овене како човекот.
Фридрих Хелдерлин

Нормалноста е способност на разумот да се прилагодува на реалноста.
Сидни Шелдон

Носталгијата е способност да ги заборавиш непријатните работи.
Нелсон ДеМил

Нема да знаете за што сте способни додека не се обидете.
Џени Колган

Неверојатно е за што е способен нашиот мозок кога се чувствува како да е заклучен во темнина.
Џин Рајан

Обичните луѓе под одредени околности се способни за необични постапки .
Лиза Клејпас

Омразата ја замаглува способноста да се препознае вистината.
Брендон Сандерсон

Основата на големината на човекот е неговата способност да чувствува срам.
Урсула Ле Гуин

Основата на сите доблести и сите достоинства лежи во способноста на човекот да се откаже од задоволување на своите желби кога разумот не ги одобрува.
Џон Лок

Основната разлика меѓу човекот и машината е способноста да се поставуваат прашања на кои никој не може да одговори.
Евгениј Велтистов

Одговорноста е нашата способност да реагираме на ситуација. Секогаш имаме избор.
Луиз Хеј

Откривањето е способност да се збунувате од едноставни нешта.
Ноам Чомски

Оние што премногу се ангажираат околу мали работи, обично стануваат неспособни за големи.
Франсоа Ла Рошфуко

Оној за кого смртта не е страшна, способен е на сè.
Волтер Скот

Осаменоста е предуслов за слобода. Слободата зависи од способноста за размислување, а размислувањето може да започне само кога човек е сам.
Гао Сјингѓен

Очигледно, под влијание на обичаите и практиките воведени во светот, човекот ја губи способноста да прави разлика помеѓу злото и доброто.
Јасунари Кавабата

Она во што навистина сакам да верувам е во себе и во мојата способност да направам нешто корисно.
Даглас Кенеди

Она што најмногу го ценам во животот е мојата способност да мечтаам. Во моите најтешки моменти и сложени ситуации можев да мечтаам за поубава иднина.
Ригоберта Менчу

Оној што не е способен да блесне, никогаш нема да биде ѕвезда.
Вилијам Блејк

Познато е дека кучињата се способни да се насмевнуваат, па дури и премногу мило да се насмевнуваат.
Иван Тургењев

Писменоста колосално ја зголемува способноста на луѓето да складираат знаења.
Клод Леви-Строс

Подобро е да земете здив со мака, отколку да ја изгубите способноста да дишење.
Даринда Џонс

Повеќе од сè на светот сакам да не ја изгубам способноста да се восхитувам, да се восхитувам од новото.
Френк Херберт

Повеќето учени често се разликуваат од обичните смртници според способноста да им се восхитуваат на опширните и сложени заблуди.
Анатол Франс

Под мир ја разбираме способноста да ги трансформираме конфликтите со емпатија, ненасилство и творечко-бескраен процес.
Јохан Галтунг

Половината од богатството на еден човек е неговата способност да се разбира со потребните луѓе.
Теодор Драјзер

Потенцијалот не е крајна точка, туку способност за растеж и учење.
Ајлин Кенеди-Мур

Пред сè способност и ум, а не педигре.
Џонатан Гримуд

Природата не е способна да ги одржува оние видови кои немаат волја да преживеат.
Орсон Кард

Пропагандата е моќна како хероинот: суптилно уништува секоја способност за независно мислење.
Жил Куртманш

Психата не е способна да се спознае себеси.
Карл Густав Јунг

Прво разберете за што сте способни, а потоа одлучете какви сте.
Тара Вестовер

Разумот на човекот е способен за сè, бидејќи сè е веќе во него: и минатото и иднината.
Џозеф Конрад

Разумот е неспоредливо повисока способност, но таа се стекнува само со победа над страстите.
Николај Гогољ

Со староста стекнуваш способност да ги оценуваш едноставните аспекти на животот. Семејството е неговата наједноставна, но и најценета страна.
Кристофер Гортнер

Самата страст не е доволна; но кога страста се среќава со способноста, таа навистина може да го промени светот.
Кармин Гало

Само вие имате способност да го промените сопствениот живот!
Мел Робинс

Само позитивно настроениот разум е способен да создава просперитет.
Орисон Марден

Само оној што е способен за размислување е способен да ја спознае вистината.
Теодор Драјзер

Самопочитта е коренот на дисциплината. Чувството на достоинство расте со способноста да си кажуваш на себеси „не“.
Абрахам Џошуа Хешел

Светот има способност да се дели.
Рајнхолд Меснер

Светот би бил посреќен кога луѓето би ја имале истата способност да молчат, како што имаат да зборуваат.
Барух Спиноза

Слободата е природна способност на секој да прави што сака, освен ако тоа не е забрането со сила или со закон.
Јустинијан

Слободата е одговорност со која умеат да се справат само способните.
Нагиб Махфуз

Сенките се пособни: го прават исто истото без напор.
Станислав Јержи Лец

Способноста е богатство на сиромашен човек.
Џон Вуден

Способност е она за што сте способни. Мотивацијата одредува што работите. Ставот одредува колкуд добро го работите тоа.
Лоу Холц

Секој е способен да постапува така како што му се допаѓа.
Ежен Јонеско

Секој од нас ги разбира кај другите оние чувства што е способен да ги доживе сам.
Андре Жид

Секој човек е создание на епохата во која живее, а малкумина се способни да се издигнат над идеите на времето.
Франсоа Мари Аруе Волтер

Секој човек може да ги развие своите сокриени способности, ако во него има доволно силна желба.
Дејл Карнеги

Секој чекан има вродена способност да удира шајка. Секој човечки ум има вродена способност за величина. Но, не секој чекан се користи правилно, ниту секој човечки ум.
Брајан Херберт

Сите големи уметници ја должат својата слава на способноста да ги пародираат природните човечки чувства-страв, сожалување, љубов.
Френсис Скот Фицџералд

Сите ние имаме способности. Разликата е во тоа како ги користиме.
Стиви Вондер

Сите ние ја потценуваме способноста на луѓето да преживеат.
Вилијам Шајрер

Сè што ви носи радост и уживање ќе ја подобри вашата способност да дејствувате смело.
Хариет Лернер

Сè што е важно е способноста да си поставите цели и да направите сè за нив.
Ковадонга О’Ши

Сè додека си способен да мислиш, ти си жив.
Џонатан Сафран Фоер

Сликарството е способно да измисли реалност без никој да ја види.
Ролан Барт

Според мене, секој е способен на сè.
Денис Лихејн

Сфатив што значи да се биде возрасен: способност да се оди бавно.
Михал Вивег

Силата на режимот доаѓа од неговата способност да ги изолира сопствените граѓани.
Барбара Демик

Слава на храброста неспособна да убие.
Људмила Петрушевска

Смислата на животот не е во изобилството на купувања, туку во способноста да создавате и извршувате дејства.
Серхио Бамбарен

Се смета дека луѓето се способни за повеќе од десет илјади различни изрази на лицето.
Џо Наваро

Спасението на човештвото е заклучено во срцето на човекот, во неговата способност за самоспознавање, во човечкото смирение и во човечката одговорност.
Вацлав Хавел

Спокојството е способност да се постигне емоционална рамнотежа, да имаме целосна гама од емоции и да постигнеме чувство на рамнотежа во оној богат внатрешен и меѓучовечки живот кој едновремено создава и опфаќа кои сме и кои можеме да станеме.
Даниел Сигел

Способниот за многу е способен и за малку.
Ерве Базен

Способноста да апстрахирате и синтетизирате, односно да размислувате за идеите е знак на зрелост.
Хадон Робинсон

Способноста да бидеме среќни во голема мера зависи од нас самите.
Шарлот Бронте

Способноста да го видиш чудесното во обичното-непроменлив знак на мудроста.
Ралф Валдо Емерсон

Способноста да воспримаме или размислуваме поинаку е поважна од стекнатото знаење.
Дејвид Бом

Способноста да живееме добро и да умираме добро е една и иста наука.
Епикур

Способноста да правите разумни отстапки е доказ за здрав разум.
Џејн Остин

Способноста да простуваме е нашата најголема сила, но може да биде и наша најголема слабост.
Роберт МекКамон

Способноста да ги препознаете сопствените потреби, т.е. да разберете што навистина ви треба е сама по себе големо психолошко достигнување.
Абрахам Маслоу

Способноста да се движите слободно, да се префрлате од една категорија во друга, е една од основните карактеристики на апстрактното мислење.
Дејвид Епштајн

Способноста да порумениме е најкарактеристична и најчовечка од сите човечки особини.
Чарлс Дарвин

Способноста да се мисли разумно доаѓа со искуство и често искуството иде од неспособноста да се суди разумно.
Рита Меј Браун

Способноста да се разбере нешто пред да биде набљудувано е во суштината на научното мислење.
Карло Ровели

Способноста да се смеете на себеси е знак на повисока интелигенција.
Валери Франкел

Способноста да се смееш од срце е особина на прекрасна душа.
Жан Кокто

Способноста да чувствуваш е сила, а не слабост.
Маргарет Роџерсон

Способноста за расудување е пројавување на умот.
Имануел Кант

Способноста за творештво е најголемата моќ на човечкото суштество.
Лиз Бурбо

Способноста на уметникот да се реинкарнира ја определува продолжителноста на неговиот творечки живот.
Чеслав Виткевич

Способноста не би имала големо значење без можноста.
Наполеон Бонапарта

Способноста умно да го искористиш слободното време е највисок степен на лична култура.
Бертранд Расел

Страста е способна за многу. Може да поттикне човек на невидена натчовечка енергија. Таа може, со своето непопустливо дејство, да извлече титанска сила дури и од најурамнотежените души.
Стефан Цвајг

Се согласив повеќе од неспособност да се спротивставам, отколку од ентузијазам.
Хорхе Луис Борхес

Среќата е благотворна за телото, но само маката ги развива способностите на нашиот дух.
Марсел Пруст

Среќата ја исклучува староста. Кој ја сочувува својата способност да го гледа најубавото, тој не старее.
Франц Кафка

Тајната на среќата лежи во способноста да излезете надвор од кругот на вашето „Јас“.
Георг Фридрих Хегел

Талентот на авторот лежи во способноста да пренесе сложени чувства со едноставни зборови.
Брајан Молко

Толку малку знаат луѓето за што се способни.
Сју Монк Кид

Трудете се да ги искористите сите можности за да ги откриете своите способности.
Кен Робинсон

Тој немаше способност да го разликува важното од помалку важното. Се чини дека не постои такво нешто како објективна реалност.
Мајкл Волф

Топлата постела има способност да го претвори човечкото срце во камен.
Виктор Иго

Трите дела на теоријата се аналитичката способност, способноста да се анализираат нештата, да се преценува, да се критикува. Творечка, способност да твориш, да измислуваш и откриваш, и практична, способност да го применуваш и користиш она што го знаеш.
Роберт Џ. Стернберг

Телото е способно да мисли! Тоа мисли, тоа чувствува, без разлика каква е душата.
Роберт Мерл

Уметноста-тоа е срце способно да размислува.
Шарл Гуно

Уметноста е лага која нè прави способни да ја сфатиме вистината.
Пабло Пикасо

Умот е лишен од способноста да заборава. Спомените се зачувани во нас засекогаш, како ѕвезди кои бледнеат на дневна светлина, но повторно се појавуваат во темнината.
Дејвид Морел

Умот на човекот е способен на сè-затоа што е сè во него, целото минато како и целата иднина.
Џозеф Конрад

Учтивоста на умот се состои во способноста да мисли достоинствено и истенчено.
Франсоа Ларошфуко

Фантазијата е уште една од творечките способности на нашата психа.
Алфред Адлер

Храброста не е отсуство на страв. Храброста е способност да дејствувате ефективно дури и кога сте наполно преплашени.
Стјуарт Вајлд

Чесниот човек се одликува со својата способност да ја промени својата гледна точка.
Малколм Бредбери

Човек го гледа само она што е способен да го види.
Хербјорг Васму

Човек е подеднакво способен да живее и дури да умре за спас на своите идеали и вредности.
Виктор Франкл

Човекот е способен да избира меѓу пеколот во сегашноста и пеколот во иднината.
Харолд Робинс

Човекот е способен да мисли. Толпата-не.
Патрик Нес

Човекот е создаден слободен и целосно способен да се спротивстави на искушението.
Џон Милтон

Човек не секогаш знае за што е способен.
Џоџо Мојс

Човекот не знае што е способен да поднесе додека не го снајде беда.
Оливер Голдсмит

Човек со неспокојна совест е способен да се спротивстави на конформизам и тоталитаризам.
Виктор Франкл

Човек кој е способен да прави зло, дури и на некој што му сторил добро, неизбежно гледа непријатели во сите други луѓе од кои не добил никакви услуги.
Џонатан Свифт

Човек кој може да прави што сака е способен за сè.
Џејмс Хедли Чејс

Човекот е Бог преку неговата способност да мисли.
Алфонс де Ламартин

Човечноста е способност да се учествува во судбината на другите луѓе.
Имануел Кант

Чувството за идентитет обезбедува способност да се доживееш себеси како нешто што има континуитет и сличност и да дејствуваш соодветно.
Ерик Ериксон

Чудно е што сме способни толку силно да страдаме предизвикувајќи толку многу страдања.
Вирџинија Вулф