45. По ред и неред
Ноќ мината во неред
на мисли и возбуди
надвор од логичен ред.
По неа ден минат
како миг на дознавање
дека од мене зависи сè.
Мој неред и мој ред
за рамновесие
меѓу стварност и сон,
меѓу заумност и свест.
Како будност од време
кога нема ништо
ни далеку ни близу
што ќе остави трага
на слободна игра
играна еднакво
горливо и неуморно.