13. Една мисла
Една ми е мислата секогаш
кога ќе се сретнам на пат
кон некаде
со некој што не разбира
дека животот истоветно
секој ден и секоја ноќ
дише
ту забрзано ту забавено
додека е на слобода:
Човек не остава своја трага
во своја земја и на свое небо
за да продолжи да живее
по исчезнување,
туку залудно надевајќи се
дека ни ниедно време
нема да го збрише мигум
неговото постоење
во постојаноста.
Оваа една мисла секогаш
напати ме растажува,
напати ме радува,
а напати е моја оти
сè уште не сум јас некој
ни жив ни мртов
меѓу живи и мртви
што понекогаш се сомнева
во пробивноста
на светлината низ мрачнина.