ДОСТОЈАНИЕ НА ИЗВИШЕН ТВОРЕЦ, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

10. Уште нешто

Секогаш уште нешто од мене
во мене недоречено, недокажано
за некое друго време,
различно од моево.

Ако, пак, не биде и за мене,
ако не остане во живот со мене,
ќе оставам секој да го сокрие,
во свој молк да го потоне
исто како никогаш ништо
да не било надминато.

Впрочем, одамна му е сеедно
на секој што ме има во некое
незаборавно, а неминато време;
како семе што из`ртува
кога зрак сончевина
ќе восприми моја издишка
дека по уште нешто веќе
ќе нема уште нешто.

Leave the first comment