35. Заошто вака? До кога вака?

Потребно време за читање: 4 минути

Здраво-живо народецу мој,

Ја мислам оту нема никој меѓу нас кој не понекоаш, не појќепати во дено, не којзнај колкупати ноќум меѓу два сона али две будности, ами многупати катаден и катаноќ си се прашуа заошто вака и до кога вака. Ама не је маката само во то, шо секој од нас се прашуа, туку је и во то шо едни не знаат да си одгоорат, други не можат, а трети не ни бараат да им одгоорат оние шо сами се избрале на ѓоа демократски избори за власт али ги натуриле на власт сранските стратешки партнери. Кои, според редо на нештата, оние шо се одгоорни и ги плаќаш ти, народецу мој, мора да знаат и шо и заошто и како и до кога и уште многу друго шо слично.

Ме прашуаш мене ко дедо Громче кому сè речено му је наместо и сè кажано му је и однапред и одзади докажано? Кој нема шо не знај и шо не разбира оту је ем начитан ем се отепуа од читање и учење на сè шо ќе му дојди и падни во раце и ќе му излези пред очи на Интернето? А бе убоо шо ме прашуаш, ама коа ме прашуаш заошто вака и до кога вака, да ти кажам прао ми паѓа криво оту колку шо знам, толку и не знам да ти одгоорам. Не поради зато шо не сум од самите шо се избрале на ѓоа демократски избори за власт али ги натуриле на власт сранските стратешки партнери, скраја да је то од мене и ја да сум скраја од то, ами поради зато шо многу ми ја јади душава и ми ја мати свеста едно нешто шо се нарекуа неизвесност. Да де, неизвесност која се однесуа и на заошто вака и на до кога вака. Сега засега неа ќе остаам за другпат да ја истретирам од А до Ш шо се вели, а сега ќе останам на кажаново-оту многу ми ја јади душава и ми ја мати свеста.

Да бидам конкретен и директен: мене ми изглеа неизвесна нашава денешница, а богами појќе нашата утрешница со властодршциве и властољупциве ѓоа политичари ем политиканти. Одозгора на то ова со пљачкосуањево, корумпирањево, мафијашењево, а уште поодозгора на то нивново праење сè шо можи да се прај за одмакедончуање, шо ќе речи ко шо се кажуа: твое ништење, македонски народецу и збришуање на македонството! Најодозгора на сето то, пак, иди опустуањето на ова преостанато парче македонска исконска земја и нејно делење на стрвните ѕверој соседски. Сето то можиш да го заприш и да го спречиш ти, ама тебе те напраија апатичен, рамнодушен, малодушен, ко несвесетен, ко толку заспан шо да не можи никој да те разбуди и да те крени на нозе­. Грешам? Дај Боже да грешам, ама сега засега гарант не грешам. Нејсе, ај да си одгоорам и да ти одгоорам колку шо знам и колку шо не знам да ти одгоорам.

Заошто вака? Не поради зато шо властодршциве и властољупциве не знаат инаку, ами просто зато шо не знаат никако. И прибидејќи не знаат никако, им кажуаат како нивните стратешки партнери. Оние шо ги собраа и ти ги натурија тебе, народецу мој, да ти бидат власт. Појќе да им кажуаат, а помалу да им диктираат оту се али полуписмени али дибидус неписмени, па не би можеле али можи грешно би го прочитале то шо би им го издиктирале. Ете поради и зато и само просто зато. Да се дополнам: коа би знаеле некако, би пробале некако не ко контра, ами ко шо се вели стручно-експертски-ко надградба али дополнение на кажаното, поточно нареденото. Нема да се конкретизирам. Пробајте, лујѓе, да ви текни нешто арно од ними шо не ви изглеа ко поарно од ништото арно од нареденото од стратешките партнери, најпрвин од првио и најглавнио. Пробајте, ама ја ви гарантирам оту нема да ви текни на ништо.

До кога вака? Дури ти, народецу мој, не кажеш, не викнеш и не наредиш: Доста досега вака, отсега ќе биди вака! Ама, ама, ама…То досега не ми се веруа оту ќе биди денеска али утре. Можи да не биди и задутре. Заошто не ми се веруа? Поради зато шо тебе те напраија апатичен, рамнодушен, малодушен, ко несвесетен, ко толку заспан шо да не можи никој да те разбуди и да те крени на нозе­. Ја мислам и сè појќе се убедуам оту стапо уште долго нема да заигра во твојте раце и којзнај коа ќе го кркаат стапо од тебе властодршциве и властољупциве. Кои ги наполнија и ги преполнуаат дисаѓите со испокрадено азно од тебе, та се спремни преку ноќ да се напикаат во глувчешки дупки, да киднат кај шо никој нема да ги најди али да сменат личен опис шо да не мојт никој да ги припознај.

Туку…Мене само по себе ми се наметнуа друго во контексто на прашањава и одговорите шо ти ги дадов колку шо знам и колку шо не знам. Ме мачи вторио ист дел од ними: вака. Не оту ја не разбирам али некој од вас, лујѓе, не разбира шо је то вака, ами просто поради зато шо се прај сè то да се замеша, измеша, промеша, да се замати, да се замагли, да не се прикажуа ко шо је. Исто ко шо лигушите и измеќарите во партиите на властодршциве и властољупциве се слепи при очи, глуви при уши, неми при усти со јазик и заби. Исто ко шо ова од ними напраено го гледаат со розови окаљки. А сегде, и околу нас и во нас саде мрачнина, саде мразнина, саде гладост и жедост, саде беда и јадост. Ма просто незамисливо вака.

Да ни кажуаше некој дека можи да ни се стокми ова пред шо ни го стокмија и ни го стокмуаат, немаше да му поверуаме. Нели? Ејјј, да те дотераат тебе, народецу мој, и ова преостанато парче твоја исконска земја што се викаше Македонија до збришуање, до конечно ништење! Па ова и вака го можат само изроди, никаквеци, бесрамници, најдолен џган платенички, мафијашки, предавници и велепредавници…

Уф, се запалив…Уште малу ми фали па да изгорам…да се изгубам…да се сневидам…Не можам појќе…Ќе пукнам!

Ај толку од мене. Кажав шо кажав, а ти знајш шо кажуам на крајо од секое мое кажуање:

Ја ко ќе кажам кажано је!