ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Потребно време за читање: 4 минути

31. Настројба

Здраво-живо народецу мој,

Да те прашам али да не те прашам каква ти е настројбата? Ма шо има да те прашам коа знам оту ти е за никаде. Од кај знам? Од мојта! Прибидејќи ја ко дедо Громче сум дење-ноќе со тебе, а исто ти со мене, значи тотално и апсолутно народен. Па логиката кажуа следствено: мојта настројба е за никаде, значи и твојата е иста таква, а твојта е за никаде прибидејќи и мојта е иста таква.

Заошто те прашуам за настројбата, а не за расположејнето? Поради зато шо се слични, а то значи не се исти. Ја разликата ја подразбирам во односо на душевната состојба. Па така, во односо на неа расположејнето е појќе душевно, а настројбата е за мене исто душевна колку и според значението-внатрешна потреба за нешто. И сеа, коа си ти во прашајне народецу: ја сум и длабоко и плитко, и широко и тесно, и ниско и високо, и секако друго и друго убеден оту твојта настројба, исто ко мојта, ко на дедо Громче, е за никаде и душевно и внатрешно потребно за нешто. Ма ептен за никаде! И да си се докажам: то ми прајше многу голема секирација досега, ми прај сега, а секирацијата ми е уште поголема за отсега.

Некои експерти за расположејнето и настројбата на народо тврдат оту коа се тие во прашајне најмногу за секирација е апатијата. Сакаат да речат оту се најмногу во прашајне незаинтересираноста, безволието, рамнодушноста и слично, а шо иди под заеднички именител отапени чувства. Ја пак, ко експерт за сè во природата и општеството, а особено за сè во врска со народо, државата и власта, значи нормално и за ова прашајне од пресудно значение за индивидуалнио и колективнио опстанок на чоеко ко чоек, ја сметам апатијата ко сенародна настројба, ако можам така да се изразам, и е најмногу за секирација во корелативно-меѓузависна врска со револуционернио дух односно негоата заспаност, како и со патриотизмо односно негоото будејне. Се разбира, ко секоаш  и сега нема да останам недокажан, па во продолжение ќе се детализирам односно ќе се конкретизирам.

Првин за апатичната настројба ко душевна состојба и ко внатрешна потреба за нешто:

Коа е во прашајне чоек ко индивидуален, второто е попрво од првото. Сакам да речам дека внатрешната потреба за нешто прави чоеко да се  најди, поточно да падни во душевна состојба, конкретно да го напрај дури тотално апатичен. Ај конкретно за полесно да ме разберете:

Вие во младост, сеедно женет али неженет, се заљубуате во некоја лична мома, а таа поради зато шо не сте ѝ по ќејф ич не ве шајкали. При то вашата вантрешна потреба за неа, мислам за нејната убајна пред сè, расте од ден на ден сè појќе. Меѓутоа, прибидејќи наспоредно со растејнето нејното нешајкалење стануа сè поочевидно, понагласено, па и сè понатрапуачко, вие стануате душевно сè поапатични. Постои реална опасност за кусо време поради зато шо сте млад, сеедно женет али неженет, да станите за ништо, за никого и за никаде. Со еден збор, да се отепате во поим! И нормално, појќе да не ве бидуа за заљубуање, односно то-заљубуањето појќе да не ви биди ама ич внатрешна потреба.

Коа е во прашајне чоеко ко колективно суштество, ко шо рекол старио Аристотел чоек ко општествено животно, значи не мојт цел живот сам, има потреба да биди во општество, значи заедно со други лујѓе, првото е попрво од второто. Со други зборој, апатичната настројба ко душевна состојба и по неа ко внатрешна потреба за нешто најпојќе се изразуа на плано на поразуањето и понижуањето на народо визави тапоумни и болноумни на власт. То прај дибидус голема душевна, и то болна состојба, особено коа чоеко ко општествено животно ќе разбери дека на ко такво му нема спас. Со други зборој, чоеко ко народ и општествено животно е во настројба на никаква внатрешна потреба да не дозволуа тапоумни и болноумни на власт да не праат ко шо им е ем наредено ем дебело платено. Односно стануа апатичен, шо значи обессилен, и мисли оту крајо му е неминовен.

Лујѓе, коа мислам длабоко и плитко, широко и тесно, многу и малу, експертски шо се вели, сакам да се потенцирам дека апатичната настројба, ако можам така да се изразам, е во најголема корелативно-меѓузависна врска со револуционернио дух односно негоата заспаност, како и со патриотизмо односно негоото будејне. Прашајнето ми је: дали револуционернио дух на апатичнио настроен чоек ко општествено животно можи преку ноќ, моментално шо се вели да се оттргне од, шо би рекол поето, канџите на заспаноста и во истио момент својо патриотизам да го стај во будност? Ја ко дедо Громче кажуам дека можи, ама под еден круцијален услов: настројбата да му биди денес за утре, и то едновремено со чистејнето на власта денешна. Мислам на занданската мрачина шо треба да ги изеј тапоумните и болноумните платеници, со претходно затворајне на сите глувчешки дупки шо да не можи никој од таквите да се сокрие во нив? Да, мислам. И исто мислам оти револуционернио дух и патриотизмо мора, ко шо би рекол филозофо, да се стаат на пиедестало на чоештината заедно со чесноста, искреноста, чистотата и вредноста на чоеко како самосвесно битие и самобитие.

Ми иде да завршам, па ќе завршам со пример ко илустрација на последново речено од мене:

Се збрале млади и возрасни умни, мудри, учени и опитни, меѓу ними и понекој стар, да се натпреваруаат за својата земја на поле на културен натпревар меѓу народите, ко шо го замислуал свето нашио апостол Гоце. И знајте шо најпрво напрајле? Се наредиле еден до друг со кренати глави и со рацете на гради лево, кај шо им се срцата, та сите на сет глас ја запеале химната со раѓајнето на новото сонце на слободата. Шо се случило на крајо од натпреваро? Се разбира, се натпреваруале со сите сили, умност, ученост и опитност до последното свирнуање на судијата ко меѓународен фактор, па противнико го победиле убедливо. Просто го ничкосале наземи!

Не забораај, народецу мој, како је со дедо Громче:

Ја ко ќе кажам кажано је!

Leave the first comment