Час по филозофија

Потребно време за читање: 2 минути

Професор по филозофија стои пред своите студенти, а пред себе има неколку предмети. Започнува часот. Тој без збор зема в раце голема празна тегла од краставици и почнува да ја полни со камења со размер околу 5 см. Потоа ги прашува студентите:

-Дали е теглава полна?

Тие се согласуваат дека е. Потоа професорот зема кутија со чакал и го насипува во теглата. Малку ја протресува и, се разбира, чакалот, тркалајќи се, го пополнува просторот помеѓу камењата. Повторно ги прашува студентите дали е теглата полна. Тие се согласуваат дека е. Некои почнуваат да се смеат. Професорот сега зема кутија со песок и ја насипува во теглата. Се разбира, песокта ги пополнува сите останати шуплини.

-А сега,- вели професорот,- сакам да замислите дека е ова вашиот живот! Камењата претставуваат важни нешта-вашето семејство, вашиот партнер, вашето здравје, вашите деца-сѐ она што животот би ви го направил полн и тогаш кога сите други нешта би исчезнале. Чакалот се сите други нешта што се важни, како што се работата, домот, автомобилот. Песокта е сѐ друго. Дребулии. Ако во теглата прво ставите песок, за камењата и чакалот нема да остане место. Истото важи и во животот. Ако сето време го трошите на неважни работи, ќе немате простор за она што ви е важно. Обрнете внимание на оние нешта што се клучни за вашата среќа. Играјте се со децата, најдете време да отидете кај доктор на контролни прегледи, изведете го својот партнер во кафуле…Секогаш ќе има време за работа, да се исчисти домот, да се повикаат пријателите на вечера…Погрижете се прво за камењата, за она што е навистина важно. Поставете ги своите приоритети. Сето останато е само песок!

Тогаш еден студент ја зема теглата, за која и професорот и сите студенти се согласија дека е полна, па во неа наточува конзерва пиво. Се разбира, пивото ги пополнува сите преостанати шуплини. Сега е таа дефинитивно полна.

Филозофски заклучок:

Без оглед колку ви е исполнет животот, секогаш има простор за пиво.

 

 

Leave the first comment