АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 271-300

Потребно време за читање: 2 минути

271. Мојот крај е во мигот на исчезнување.

272. Не создавам дела ни за ова ни за некое идно време. Туку за да останат со мене кога ќе ме нема.

273. Најголема љубов до смрт и по неа.

274. Пред да спомнеш име на личност со грандиозно мислечко и книжевно творештво, запрашај се дали го заслужуваш тоа.

275. Слепци води слепец со од него ослепени.

276. Знаете дека сте скоро на крајот, а сте решени да одите докрај!

277. Уште малку очекувања во исчекување.

278. Сега и овде со утре во денес од вчера.

279. Секогаш можеме да издржуваме уште некое време, но само ако работиме и создаваме за друго да ни дојде што поскоро.

280. „Стратешки партнери“ ни натурија на власт властољупци кои страховладеат оти не знаат што е тоа власт.

281. Скромна живеачка е секогаш да имаш колку што ти треба.

282. Постоиш сè додека исправено стоиш во секакви времиња и невремиња.

283. Не ви личи како луѓе да се мајтапите со луѓе на кои не им е до мајтапење.

284. Бидете претпазливи и подготвени за од лошиве полоши времиња.

285. Мислечка и творечка личност секогаш стои цврсто на земја.

286. Сè мое од мене создадено макотрпно, со труд и знаење.

287. Мој став во врска со мојот прием во МАНУ (малку веројатно):
Не јас, туку МАНУ би требало да има интерес нејзин член да биде мислечка и книжевна личност со грандиозно творештво.

288. Допрва неподнослива леснотија на страховладеење на мафијашкава власт во Северџганијава!

289. Завршна фаза на реализација на американското сценарио за формирање Голема Албанија и дефинитивно бришење на македонскиот народ и неговата Македонија?! Според детално испланирано времетраење?!

290. Лесно „читливо“ сценарио за дефинитивно бришење на македонскиот народ и неговата Македонија, со внимателно следење на она што се случува подолго време, во нареднот период ќе се случува на релација Тирана-Приштина-Скопје-Софија-Атина, во „содејство“ со Америте: „средби и разговори“, „консултации“, „активности“ на терен, „гостувања“, предавства и велепредавства на македонски „историчари“ во „експертската“ комисија (“првиот“ академик!), притисоци за иселување од домашните огништа, масовно „дивоградење“, беззаконие, мафијаштво, насилништво…

291. Мисли на последиците при секој избор.

292. Како ни одминува времето, така нештата стануваат сè понепоправливи.

293. Божем ми е сеедно без тебе.

294. Откако ќе согледаш како, најмногу се прашуваш зошто.

295. Не е можен рамносилен договор меѓу големи и мали и силни и слаби. А поинаков не може и не треба да биде.

296. Сум ти помогнал со мисла и дело? Драго ми е.

297. Лажните пријатели се непријатели.

298. Нема смисла да ти докажувам докажано.

299. Поголемо е злото што си го правиш на себеси, правејќи ми го мене.

300. Не знам како и не сакам да ти помогнам да го признаеш и почитуваш моето дело.