МЕНИ НА ИГРИ ЗБОРОВНИ, поезија/припеви, 61-63

Потребно време за читање: < 1 минута

61. Без збор

Молкот не е
без збор
кога немост
ќе пресече здив
на спокој и болка
по насилна смрт.

62. Трпки

Не ми се трпкиве
што ми ја снеможат
снагата
од студ или јанѕа,
туку дека нема
уште многу долго
да видам
невин насмев
на дете во игра.

63. Црна земја

Покрила црна земја
мртва сенка
снеможена од лунѕање
меѓу мрак и слобода
по последна виделина
на мразни голи коски
без срцевина.