МЕНИ НА ИГРИ ЗБОРОВНИ, поезија/припеви, 46-48

Потребно време за читање: < 1 минута

46. Гол предел

Се разголел до голи коски,
до земја со спржени корени
пределов пред нас
што мораме да го минеме
макар со последни сили
за да стасаме до далечен,
нов, сè уште недогледлив,
а жив.

47. Како ние некогаш

Љубови околу нас
скаменети од ветриште
пред кое истрајуваат
како ние некогаш
до бесплодност.

48. Уште некое време

Ќе остане трага
на постоење живот
меѓу небо и земја
за род
во кое било време
насушно.