НАРОДСКИ ИЗРЕКИ, 815-866

Потребно време за читање: 3 минути

815. Не се тоари со моето дело. Продолжи си го пато со твоето.

816. Тури му пепел на зборо на безумно чоече.

817. Нема огон шо не можи ветар лут да го распали.

818. Дали ќе станиш брзо по паѓање, најпрвин зависи дали си научил да паѓаш дури си паѓал. После дали знајш на шо паѓаш.

819. Ти си чист ако совреме си ги исчистил својте валканици зад себе.

820. Ако не си крив оти си прав, тогај ќе прајш ко шо је право.

821. Колку шо знам за мене можи да биди и за тебе, ама нема да биди дури ја не знам колку знајш ти за нас.

822. Секој има нешто шо никој не смеј да го дознај. Поготово ако је за постоење али не.

823. Љубима, треба да сакаме да изодиме наш пат за да го пронајдиме совреме.

824. Сè шо је треба за да је и за да биди.

825. После многу од мене-без мене.

826. Бегајте дури не почнале да ве бркаат.

827. Е не можи да ти поверуам, а да не ти веруам.

828. До гуша си во кал, па веќе нема кој да те извај од неа.

829. И свршеното и несвршеното мое со мене ќе сврши.

830. Си играм мои игри детинести.

831. За стапој сте, ама нема кој стапој да земи в раце.

832. Умрев без тебе уште жив, љубима.

833. Заошто уште ја дребнав и незнаен? Поради то шо не ми треба да бидам друг!

834. -Остај ја твојава работа без пари.
-А бе ја би ја остајл, ама она не ме остаа мене.

835. Штом нешто не е макар за некој, а не е ни за себеси, тогај е за ништо.

836. Не сум сега оти отсега не сум за никаде.

837. Зар до толку не сум ти личен, шо не ти личам ни на мене!?

838. Нема кој шо не се мајтапи со него, а он мртов ладен и ко да му је сè рамно.

839. Треба да му се напрај збунка на непријатело, та да не знај кај се најдува, ниту на кај да се сврти.

840. Ти би, ама ја појќе не би.

841. Влези во мојо свет со својта личба за да го разубајш.

842.-Да се крсти чоек со две раце шо сè си праел и си напраил во живото!
-Било, поминало, се заборајло.

843. Има многу прашања на кои власта мора и знај да одгоори, ама нејќи али не смеј.

844. Допрва нема мирно да спиеш, ти мизеријо велепредавничка!

845. Ако нема денес, нема зошто да има утре.

846. Можи ќе се спасиш од мене, ама ти нема спас од сите нас!

847. Да, сè се менува и ќе се смени. А за грешките и греојте мора да се плати. Можи и со живот. Кога-тогаш и како било.

848. Иди друго наше време, сосе часо кога ќе мора да му поднесите сметки на народо за сето зло шо му го сторивте.

849. Најсетне!
Досега не ме бараше, а отсега нигде нема да ме најдиш.

850. -Шо прајме?
-Од мене шо било досега и шо се можело.

851. Народо нема со кого ко со свој и зато нејќи со никој.

852. Еден убав ден едни ко глувци ќе се сокријат во глувчешки дупки, а други ќе ги изеј мрачнина.

853. Тргнала колата прудолу, та нема кој да ја запри али ум и снага да подметни.

854. Се препраате и се прајте наудрени, но добро знајте оти ништо нема да ви се заборај.

855. Сè појќе сме разделени ем се делиме, и сè помалце можиме заедно.

856. Ќе те имам во умо, убост моја, сè дури сум при ум.

857. Едни го зборат, други го ќутат, а он ни жив ни мртов.

858. Прашај се шо сум ти и кој сум ти ја, па белки ќе разбериш заошто веќе ме нема.

859. Ај доста со тие ваши будалаштин властодржачки против здравио разум.

860. Му дојде сè преку глаа, па реши да исчезни ко жив.

861. Најсетне неминовно на крајо на мојо свет.

862. Се накотиле изроди и идиоти ко шо се котат стаорци.

863. Ја дури бев жив не сретив угасната љубов.

864. Ја стварно не знам дали је али не је лесно да си играш со живото умрен.

865. Ви оставам многу за шо можи појќе да биди ваше.

866. Чоеко отиде во неврат ко чоек шо остај големо дело без него.