СТИВНУВАЊА НА ТРЕПЕТИ, двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

101. Обично утро

Тивко и бавно се будам
во разбуден, жив, бел ден.

 

102. Прв пој

Во птичјо гнездо под стреа
се гласат испилени пилиња.

 

103. Пиркање

Едно ветре околу мене пирка,
ме заигрува со наша нова игра.

 

104. Зло семе

Засејуваат семе меѓу
мрачно небо и сушина.

 

105. Скрвавена рана

Блика крв од рана
на немошен паликар.

Leave the first comment