СТИВНУВАЊА НА ТРЕПЕТИ, двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

96. Се ближат

Гледаш како ти се ближат
силен ветар и црна ноќ.

 

97. Трпение

Бескрајно ти е трпението
со луѓе во неизвесен студ.

 

98. Стари дрвја

Стари дрвја сами паѓаат
крај свои длабоки корени.

 

99. Пред разделба

Тажни, тивки и неми гласови
сноват низ куќа запустена.

 

100. Плодови

Зрели плодови во убаво време
не збира никој за свое здравје.

Leave the first comment