91. Оган во крв
Оган во крв разгорува
танчарки занесни.
92. Нежност
Во две голи тела
нежност се разлева.
93. Цвеќе
Цвеќе во венец сплетено
живо и спокојно на сонце.
94. Со мене
Јас и бистра река
во румен изгрев.
95. Сокровиште
Зборови во игри создателни
се мое за други сокровиште.