ДОСТОЈАНИЕ НА ИЗВИШЕН ТВОРЕЦ, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

14. И можам и не можам

Колку времево, толку годиниве
ме ставаат, та ме оставаат сам
и да можам и да не можам
да одам стамено
по празна, по тесна, по стрмна,
по мрачна, по пустелива,
по мртва, по бескрајна
последна врвица
на мојов живот веќе на залез
на опстанок меѓу уште живи.

Се разбира, јас
и можам и не можам сам
во времево сосе годиниве
кои не се ништо друго
освен минливост на самост
собрана во коски на ветер
без менливо траење.

Ме спокои тоа што се знам
доволно себеси
за да решавам дека
и можам и не можам
кога ќе посакам да бидам
меѓу сон и јаве,
меѓу стварен и заумен свет,
меѓу игри и премрежија
на огнено срце.

Leave the first comment