ДУМА, ОПИТ, УКА

Потребно време за читање: 4 минути

103. Спознание-Сознание-Разборитост-Разбирање

Навременото сознание никогаш не е поразително, туку, напротив, секогаш е поттикнувачко за напред. Поразително е задоцнетото, зашто не ни користи или затоа што веќе нè искористиле.

Секое спознание е богатство на духот, втемелување на самостојноста и самосвојноста, а најмногу доказ на личниот непрегор.

Со разборитост и разбирачка треба едновремено и да се прифаќаат и да се менуваат нештата во животот.

Македонски народни пословици и изреки

Нели има разбор, ќе се разбереме.

Без разбор. (Без промислување, без разбирање.)

Пословици и изреки на народи во светот

Нема поголема загуба одошто кога човек ќе успее да се изгуби самиот себеси! (Германска)

Од каква корист е за тебе дали е некој виновен или не е? Појди, пријателе, и гледај си го сопствениот пат. (Индија)

Никој не е толку добро поткован за да не може да се лизне. (Англиска)

Латински изреки

Спознај се самиот себе. (Nosce te ipsum)

Немa ништо во разбирањето што претходно не било во разумот. (Nihil est in intellectu, quodd non sit prius in sensu.)

Не знаеме, а никогаш нема ни да дознаеме. (Ignoramus et ignorabimus.)

Домисла, гесло, мисла водилка

Запознај се самиот себе и ќе го запознаеш универзумот.
Натпис на пророчиштето во Делфи

Рекле, издумале

Среќен е оној што можел да ги спознае причините на стварите, да ги презре стравот и неумоливата судбина.
Луциј Анеј Сенека

Треба разум за да се спознае дека има ствари кои не можат да се спознаат со разум.
Мартин Кесел

Зошто ни требаат богатството и славата ако сме ја спознале вечноста?
Џорџ Сантајана

Никој не може да спознае големо, ако не почне со мало.
Томаш Гариг Масарик

Постои само еден начин на точно гледање на стварите: да се видат во целина.
Џон Раскин

Не плачи, не лути се, туку сфаќај.
Барух Спиноза

Се трудев ревносно на човечкото дејствување да не се смеам, а да не го оплакувам и да не го презирам, туку да го сфатам.
Барух Спиноза

Сознанието на духовното начело во себе, кое бара одрекување од својата личност, многу појако од сите награди го поттикнува човекот на исполнување на законот на доброто.
Имануел Кант

Го ценам оној што живее за да спознае.
Фридрих Вилхелм Ниче

Најдрагоценото сознание се стекнува најдоцна.
Фридрих Вилхелм Ниче

На човек со сознание му е дадедно убаво средство за пропаст.
Фридрих Вилхелм Ниче

Кога бев млад ми зборуваа: „Ќе сфатиш кога ќе имаш педесет години“. Сега имам педесет и ништо не сум сфатил.
Ерик Сати

Кога ќе собереш доволно спознание, престар си да го искористиш.
Сомерсет Могам

Оној што вели А, не мора да каже Б. Имено, може да дојде до сознание дека она А било грешка!
Бертолд Брехт

Од десет работи кои нè лутат, девет не би нè лутеле кога темелно би ги испитале и би ја запознале нивната нужност.
Артур Шопенхауер

Во секој случај е подобро да се покаже разборитост со она што се премолчува одошто со она што се кажува.
Артур Шопенхауер

Истакнувањето на духот на разборитоста е само еден начин со кој на сите останати им се приговара за неспособност и тапост.
Артур Шопенхауер

Сознанието е неопходно за да може да се ужива.
Епикур

Да не дојдев и на луѓето да не им говорев, не би сознале дека се грешни. Сега немаат изговор за својот грев. Но кога го видоа, ме замразија и мене и таткото мој.
Исус Христос

Несреќата го обликува човекот и го принудува да се запознае самиот себе.
Јохан Волфгнг Гете

Среќен е оној што можел да ги спознае причините на нештата, презирајќи ги стравот и неминовната судбина.
Вергилиј

Спознанието е големо, бескомпромисно приближување на мислењето кон објектот.
Владимир Илич Ленин

Не прекорувајте се себеси, без оглед колку да мислите дека сте биле лоши и тесногради, барате прилика да се трансформирате. Оној што навистина бара, може секогаш да ја спознае стварноста и да се ослободи од сите окови и беда. Во само еден момент можете да се просветлите.
Свами Рама

Непознавањето на самиот себе е опасно по самиот живот.
Алфред Адлер

Единствената вистинска мудрост е во сознанието дека ништо не знаеш.
Сократ

За човек да поживее среќно, треба да знае што е добро, а што не е добро да се прави. А за да се знае тоа, потребна му е вера. Верата е сознание поради кое човекот живее на светот. И таква вера била и ја има во сите разумни луѓе.
Лав Николаевич Толстој

Поради неразбирање и непродирање во суштината на нештата скитавме и се препораѓавме толку долго, и вие и јас.
Гаутама Буда

Секој на самиот себеси си е најмалку познат.
Цицерон

Оној што ги гледа сопствените мани, станува благ спрема туѓите.
Саади Ширази

Биди свој сопствен министер за внатрешни работи.
Станислав Јержи Лец

Вселенските летови се бегство од себеси, зашто е полесно да се стаса до Месечината одошто да се продре во сопственото битие.
Карл Густав Јунг

Ако за тебе се зборува лошо и ако е тоа вистина, поправи се. Но, ако е лага смеј се.
Епиктет

Човек треба да се навикне на себеси. После е сè полесно.
Милорад Павиќ

Најсилни умови често се оние од кои бучниот свет најмалку слуша.
Вилијам Вордсворт

Кајшто крвта суди и расудува, и обелоденетата вистина се заматува и заплеткува.
Станко Враз

Млад човек не треба да жали оти нема милиони за да развие некоја идеја. Промислувањето не чини милиони, а со промислување се создава идеја.
Никола Тесла

Духовната супериорност на човекот не го одредува тоа колку знаење му внеле во главата, туку дали умее бистро да размислува…Затоа на светот има доста многуучени магариња и доста многунеуки на чија извонредна памет мораме да ѝ се восхитуваме.
Иштван Шечењи

Се осмелувам  дури да кажам дека состојбата на промислување е противприродно и дека човек кој промислува е изопачено животно.
Жан Жак Русо

Со размислување несреќата се зголемува, а среќата се намалува.
Шарл Режисманс

Оној што расудува мора да внимава неговото мислење да носи во себе обележје на вистина и трајност, така што да не би морал никогаш ништо да оспори или порекне.
Николо Персишети

И навистина, нема ни полукава ни поумна гордост од светечката, ни поопака заблуда и лудост од какво било читање без расудување.
Доситеј Обрадовиќ

Здрава памет не може да анализира, за тоа е потребна капка лудост.
Карло Марјанен

Расудувањето е светлост која некој може да ја запали кога ќе посака други да принуди да гледаат, но може да го угасне кога самиот не сака да гледа.
Алесандро Манцони

Кој не сака да расудува, тој е фанатик; кој не знае да расудува, тој е будала; кој не се осмелува да расудува, тој е роб.
Вилијам Драмонд од Хавтхорнден

Не само што никогаш добро не се испечуваат палачинки ако не се вртат на едната и на другата страна, туку ни сите други нешта на овој свет.
Карло Доси

-А кога е збор за верата, рече Валдершар, сите разборити луѓе се од иста вера.
-А која е таа?, праша принцот.
-Разборитите луѓе тоа никогаш не го кажуваат.
Бенџамин Дизраели

Штом едно чувство се преувеличува, исчезнува способноста за расудување.
Гистав Ле Бон

По способноста за расудување, дијамантите и бисерите се најретки нешта на светот.
Жан д Ла Бриер

Луѓето го разбираат сосема само она што сами го доживеале.
Карл Конов

Leave the first comment