Потребно време за читање: 3 минути

94. Совест

Нужно е најнапред да се осознае сушноста на совеста, а потоа да се научи разликата помеѓу чистата и нечистата.

Да, таа ја одредува посебноста на свеста на човекот, но колку е во неа содржана и откриена за препознавање на неговата индивидуалност? Таа е индивидуална, а не колективна, но како дејствува во интерес на заедништвото?

Голем мудрец е човек што ја следи својата совест.

Македонски народни пословици и изреки

Со рака кој тепат, наполу го јадит ќотекот.

Би свадба, доби, секој со чес дома да си одит за да не се устрамит.

Му се сторив мос, и па не познаа од чес.

Без да има прао, се инати како со долзите уши.

Ако имаш прао, и судо ќе те оправда.

Пословици и изреки од народи на светот

Бесрамноста нема совест, несовесните немаат срам. (Азербејџанска)

Мајката на убиениот спие, мајката на уиецот нема мирен сон. (Арапска)

Чистата совест не се плаши од чукање ноќе. (Кинеска)

Кој нема срам, не го загрижува срамота. (Руска)

Латински изреки

Кога нема закони, казна е совеста. (Sine lege autem poena conscientia est.)

Чистата совест вреди како илјада сведоци. (Conscientia mille testes.)

Пред судот на совеста. (In foro conscientiae.)

Домисла, гесло, мисла водилка

Чистата совест, скромните желби и чесната работа се она што луѓето денес најмногу го презираат, зашто се плашат дека, ако го имаат сето тоа, ќе останат сосема бедни.
Анонимус

Совеста е една од оние ќотеци што секој му ги удира на својот сосед, но кој не го користи за себе.
Анонимус

Рекле, издумале

Честа е надворешна совест, а совеста внатрешна чест.
Артур Шопенхауер

И гласот на совеста минува низ мутација.
Станислав Јержи Лец

Не правете никогаш ништо што се противи на вашата совест, дури ако тоа од вас и државата го бара.
Алберт Ајнштајн

Совеста е глас на душата.
Лев Николаевич Толстој

Совеста е бог во човекот.
Виктор Иго

Никогаш нема да го изгубиш вистинскиот пат, ако дејствуваш спрема чувството и совеста.
Јохан Волфганг Гете

Слободни сте ако ви е чиста совеста.
Јохан Волфганг Гете

Со совеста нема спогодба.
Клод Анри Сен-Симон

Безгрижно спие помеѓу лотосови цветови сиромав со чиста душа.
Моша Хами Луцато

Многумина се плашат од лош глас, а малкумина од чистата совест.
Плиниј помладиот

Совеста е божјо присуство во човекот.
Емануел Сведенборг

Совеста ми е чиста зашто ништо лошо не сум му сторил на ниедно човечко суштество. Јас знам дека е тоа вистина. Доколку е човек способен да си каже на самиот себе „Никому ништо лошо не сум му сторил“, тој е најсреќното лице на Земјата.
Парамаханса Јогананда

Сте сториле неправда. Дали ве боли? Бидете весели. Станувате безнадежни само тогаш кога вашата душа ќе престане да чувствува.
Чарлс Ливингстон Ален

Внатрешниот судија или нашата совест не е непријател, туку пријател. Таа е на наша страна, без оглед колку пати се разочаруваме. Нејзина првенствена цел е да ни помогне да избегнеме акции или став кој би нè спречил правилно да се сакаме самите себе. Совеста не е Бог, туку негов застапник. Вашиот внатрешен судски систем бара ваша безбедност и целовитост и благосостојба, исто како што правниот систем функционира да ја сочува благосостојбата на општеството.
Сесил Г. Осборн

Во прашањата на совеста законот на мнозинството не игра никаква улога.
Махатма Ганди

Нема сведок толку страшен ни тужител толку немилосрден како што е совеста која живее во срцето на секој човек. Признанието е глас на совеста.
Луциј Анеј Сенека

Да се ставиш себеси цел во најмалото што го работиш-значи да не ѝ должиш ништо на својата совест.
Нада Маринковиќ

Грижата на совеста бара реформа.
Вилијам Ковпер

Полицајците не се омилени: секој човек пред полицаец има грижа на совеста.
Жозеф Фуше

Она на што се опираш е токму тоа што треба да го слушнеш.
Роберт Ентони

Рабин прашан што прави пред молитва одговорил: „Се молам да бидам во состојба да молам добро“.
Соломон Ибн Габриол

Ги сакам оние што се смеат во проблеми, кои изнаоѓаат нова сила во тешкотии и стануваат уште похрабри. Во такви услови тесноградите премалуваат, но оние чии срца се цврсти, чија совест ги оправдува нивните дела, се подготвени да ги следат своите принципи до смрт.
Леонардо да Винчи

Нанесувањето на суровост со мирна совест е уживање на моралистите. Затоа го измислија пеколот.
Бертранд Расел

Мојата совест е добра девојка: можам секогаш да се спогодам со неа.
Винстон Черчил

Ако ја издресираме својата совест, таа во ист момент љуби додека нè гризат.
Фридрих Вилхелм Ниче

Луѓето никогаш немаат грижа на совест поради она што намераваат да го направат!
Франсоа-Мари Аруе Волтер

За да можам да живеам со други луѓе, морам да живеам сам со себе. Една работа која не се придржува на правилата на мнозинството е човековата совест.
Харпер Ли

Не спие и не е среќен ни мирен секој оној што дење се смее ведро и слободно тргнува меѓу луѓе.
Иво Андриќ

Грижи се повеќе за својата совест одошто за својот углед. Зашто совеста е она што навистина си ти, а угледот е она што други го мислат за тебе. А она што го мислат другите за тебе…тоа е нивен проблем.
Секогаш е сомнително кога некој мисли за себе дека е паметен…
Меша Селимовиќ

Биди господар на својата волја, а слуга на својата совест.
Демостен

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here