Потребно време за читање: < 1 минута

Мomentum XVI

Сите изморени,
легнати на подот

Глас 3

Напротив, твојата теза дека сега можеме да кажеме: дрвото вика ав, или: кучето ја исплазило својата вилушка, не му противречи на нашето расположение, а ниту на идеите што ги реализиравме. Меѓутоа, севкупноста на предметите не е идентична со криковите на дивите животни, најмногу тигрите што ги пуштаме во градот како закана. Крикот не е крвта во раширените зеници со која сакаме да прикажеме глад. Најнапред самоодбрана.

Глас 7

Чудно говориш. Со фрази.

Глас 3

Терапија.

Глас 5

Уште Платон напишал дека значењето на зборовите зависи од употребата, од навиката и договорот помеѓу луѓето. Го читавме и Хајдегер, по повод Тракл, и го забележавме она што го повторува неколку пати: јазикот зборува.

Глас 9

Сега Одата на радоста. Како последица.

Нѐ обзема топлина.

Подобро не спомнувај
ништо за коренот
што порасна и избразди
вода во земјата.

Помисли дека
ќе те најде полноќ
кога намерно
ќе ги отвориш очите,
со исплашено срце
од големи глави
и мртви животни.

Прочитај и за ... >>  MOMENTUM II, ПОЕТСКА ИНСТАЛАЦИЈА

Помисли дека жената,
топла и нажалена
очекува да ѝ кажуваш
за историјата на селидбите
од Андите до Стоби,
од народот до светот,
од походот до смртта.

Дека останало сѐ
згодено на камен.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here