Daily Telegraf објави листа на некои од најсмешните жалби на туристите:
- Пензионер, кому му паднале вештачките заби додека повраќал од брод со кој крстосувал, барал нови повикуваќји се на „изгубен багаж“.
- Друг несреќен пензионер, кој уживал на крстосување, ја видел својата перика в море откако од главата му ја издувал силен ветер. Неговото патничко осигурување му надоместило пари во висина на вредноста на периката.
- Двајца туристи се пожалиле дека им е оштетена бојата на автомобилот откако го излижале крави!
- Две деца закопале семејна камера в песок на плажа за да спречат кражба додека оделе на пливање, а потоа не можеле да се сетат каде точно се наоѓа. За среќа, осигурувањето им ја надоместило штетата.
- Млад Британец, кому вниманието му го одвлекле девојки во бикини, го скршил носот додека доаѓал до шалтерот на авботуската станица во Атина. Осигурителната компанија му ги платила болничките трошоци.
- Еден пар се вратил во својата соба во Малезија и открил дека мајмуни им ја расфрлале облеката низ целата шума. Штетата е надоместена.
- На едно семејство му преседнало кампирањето кога падобранец слетал на нивниот шатор и го уништил. За жал, осигурителната компанија одбила да им исплати надомест.
- Скијачка, која отпатувала во ски центар во Алпите и открила дека таму има само малку снег, се обидела да си ги поврати парите во висина на вредноста на скиите што ги купила дома. Се разбира, нејзиното барање е одбиено.
- На туристкиња во Шри Ланка ѝ била потребна медицинска помош откако кокос и паднал врз главата додека читала во сенка на палма. Осигурувањето ѝ ги исплатило болничките трошоци.
- Венчавка од соништата на Карибите била упропастена откако фустанот на младата го зафатил оган од скарата. За да ја спаси, младоженецот ја фрлил во океанот, но парот за среќа имал резервна облека за венчавање, а штетата им е надоместена.
Британска туристичка компанија открила неколку неверојатни жалби што ги добила од своите корисници:
Еден турист, кој летувал на брегот на Шпанија, се жалел поради тоа што се здебелил 3 килограми во текот на одморот, а за тоа ја обвинил богатата шведска маса на хотелот.
Друг човек, кој годишниот одмор го минувал на Мајорка, се пожалил поради убавите жени на улиците кои ја загрозиле самодовербата на неговата сопруга, па дури и нивниот брак.
Додека просечен патник одвај чека да легне во удобниот хотелски кревет, еден посетител на Португалија тврдел дека неговиот кревет е „премногу удобен“, што го довело до тоа да станува подоцна и да изгуби добар дел од денот.
За еден брачен пар од Британија звуците на разуздан секс од соседната соба предизвикале притисок и самите да водат љубов, што очигледно не им се допаднало.
Можеби најбизарната жалба упатена на туристичката агенција стасала од налутен брачен пар кој сметал дека е нечуено тоа дека за патување во Дубаи бил потребен пасош. Тие дури на аеродромот дознале дека им се потребни лични документи за одење во друга земја.
„Со мажот и двете деца отидов на плажа првиот ден од одморот во Плаја Бланка. Температурата беше 26 степени Целзиусови и сонцето толку ја загреа песокта што моите деца не можеа да одат до водата. Тоа им падна многу тешко, особено поради фактот дека други деца се капеа…“.
“Кога ги гледавме фотографиите на одморалиштето во Турција на вашиот veb сајт, изгледаше мошне езготично. Меѓутоа, дури кога стасавме сфативме дека таму има премногу луѓе од Англија, што сосема го уби тој езготичен дух. Се разочаравме и повеќе никогаш нема да одиме во Мармарис“.
„Човек покрај плажа продаваше очила за сонце „Прада“, што ми се допаднаа. Рече дека чинат 10 евра, а јас успеав да ја спуштам цената на 4,5 евра. Бев мошне задоволен сѐ додека не сфатив дека не се оригинал. Зарем тоа не е илегално? Никој не ме предупреди на такво нешто и сега повеќе не можам да ги носам“.
Млада жена, која отпатувала на Кипар поради ноќен провод, ја нервирал „прекорниот поглед“ на службеникот на рецепцијата кога се враќала доцна во хотелот.
Еден американски брачен пар допатувал во Норвешка за да го види „полноќното сонце“, а за кое пишувал дури и еден норвешки дневен весник. Поминувајќи толкав пат, Американците се почувствувале измамени зашто во прашање било „истото сонце како во Америка“.