38. После
Будење по бессона ноќ,
па после будно следење
на траги во пустота.
А сонцето гори
уште од рани зори,
за после рани да отвори
на скитачи обневидени.
Само неколцина
грамадни, премалени
се на чекор од нова
бессона ноќ.
Како бездна што
ќе ги проголта
безживотни после сѐ.