Средовечен човек купува Порше, излегува на пат и притиска до 160 км/ч чувствувајќи како ветрот му ја мрси проредената коса.
-Ова е мрак!-помислува додавајќи уште гас.
Но, кога погледнува во ретровизорот, зад себе здогледува полициски автомобил со запалени ротирачки светла.
-Ма, можам да им побегнам!-помислува и притиснува на некои 210 км/ч.
Тогаш помислува:
-Што правам јас? Јас сум престар а ова се глупости,-и запира чекајќи да стаса полицискиот автомобил.
Полицаецот запира зад Поршето:
-Господине, смената ми завршува за 5 минути и радо ќе Ве пуштам ако ми дадете причина зошто бегавте…но некоја што никогаш не сум ја чул.
Човекот го погледнува и вели:
-Минатата недела жена ми побегна со полицаец, па мислев дека ја враќате.