Потребно време за читање: < 1 минута

9. Сè живо

Со мене и во мене сè живо
будно за рано утро
во кое ќе започнам темел
за бедем до небо
кои ќе ме брани од наезди
на птици грабливки
и птици преселни.

Живи стени со живи сенки
следат оган штотуку
распламтен и скрвавен,
низ коски на предци
на виделина;
живи корени во жива земја
не му даваат на ветар
ту силен, ту слаб,
ту спокоен, ту улутен
да ги размрси
за да се осамат снеможени;
живи песни од суви усти
најавуваат живот
во смрт или слобода
на народ исконски.

Со мене и во мене сè живо
будно за рано утро
знае колку е далеку светот
од она што со векови
народ за сите времиња
создавал без престан,
без здив
човечки стојности.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here