5. Уште многу
Си вели човек дека уште
многу животи и смрти
ќе живее со радост и жалост,
сосе минати и идни времиња
на предци чии коски
не може да ги одвее
ветер низ празнини
и пустини безимени.
Си вели човек кој уште
многу деноноќија јадовни
ќе мине,
во молк скрвавени,
без сонце на ведро небо;
дека веќе нема никаде
потаму
во жив простор живо време.
Допрва ќе мисли човек
колку е мал, а голем народ
стамен, достоинствен.