Мажот се враќа доцна дома и за да не ја разбуди жената се соблекува во мрак. Кога приоѓа на брачниот кревет, жената залелекува.
-Леле, леле, колку ме боли глава…Оди во аптека и купи ми аспирин.
Мажот напипува во мракот костум, се облекува и оди без збор. Дежурната аптекарка зачудено го прашува:
-Комшија, зошто сте облекле униформа на поштар?!