Трудољубивост

Потребно време за читање: 20 минути

Македонски народни пословици и изреки

Ама работа праи, како со рака неватена.

Арнио мајстор сама работата го валит.

Вера да веруаш, ама и добри работи да праиш.

Вода не ќе му даи коа ќе ја вати работата.

Гледа со четири очи на работата.

Дните в торба не влегоа, да што се стегаш за работа.

Добрата работа сама се пофалуа.

Добрата работа чоека обогатуа.

Ја тиква ја лубеница ќе му излезит работата.

Мала работа, голема страмота.

Мрза туку нема у чоека, мила му е работата.

Напраил работа за голема приказна.

Од секаква работа око не му трепнуа.

Пари скапани има, ами пак рботи.

Поеќе милуј ја работата одошто празнотата.

Пред него уште једен нема за работа.

Работа го валит, а не тој да се фалит.

Работата негоа је прикажана.

Рушвет дава за работа.

Силната работа сиромаштија потеруа.

Со зевзеци луѓе не ваќај работа. Со шегаџија.

Трипати мери, еднаш сечи.

Ти напредуа работата како рако во батако.

Ќе се раскини од работа.

Чапрашик ојт во работата.

Пословици и изреки од народи на светот

Безработен поп и јариња крсти. (Српска)

Бог им помага на оние кои ќе си помогнат на себеси. (Италијанска)

Да се мисли добро е мудро; да се планира добро е помудро; да се работи добро е најмудро. (Иранска)

Живејте заедно како браќа, а работата водете ја како странци. (Арапска)

Не го одлагај за утре она што можеш да го сработиш денеска. (Балкански народи)

Сеќавањето на поранешната работа е угодно. (Грчка)

Латински изреки

На ништо да не се чудиш, за ништо да не се лутиш, туку да се трудиш да разбереш. (Nil mirari, nil indignari, sed intellegere.)

На трудољубивиот човек ниеден ден не му е долг.

Не се чудете на ништо, не се лутете од ништо, туку обидете се да разберете.

Ништо не може да се работи да биде и нагло и темелно.

Со труд и трудољубивост. (Opera et studio.)

Со трудољубивост и просечна памет стасува подалеку од талентираната без трудољубивост.

Домисла, гесло, мисла водилка

Ако го изоставиме трудењето да бидеме нужно среќни, ние ќе можеме да се порадуваме на животот.
Анонимус

Аристократите не се грижат да постигнат нешто-нивниот статус веќе им припаѓа.
Анонимус   

Во потта на лицето свое лебот свој ќе го јадеш додека во земја не се вратиш.
Библија

Еден човек не може да живее едновремено неколку животи, колку и да се труди.
Анонимус

Има времиња кога трудејќи се да бидеш премногу коректен, можеш да изгубиш сè.
Анонимус

Јасно е дека никогаш нема да станам подобар, но се трудам да не станам полош.
Анонимус

Колку и да се трудиш, секогаш нешто недостасува.

Анонимус

Нашите срца не се слушаат, колку и да се трудиме.
Анонимус

Не се труди премногу, ако сакаш да се трудиш подолго.
Анонимус

Ние можеме да му изразиме сочувство на човек и да се потрудиме да го утешиме, но разделувајќи се со него ние ја оставаме неговата мака настрана и продолжуваме напред по својот живот.
Анонимус

Само потруди се да поверуваш во невозможното и тогаш ќе ја дознаеш вистината.
Анонимус

Се трудам да живеам како што живеат обичните луѓе. Ако борец мисли дека е велик, тој губи.
Анонимус

Рекле, издумале

А луѓето се покомплицирани отколку што ги прикажуваат во романите. Писателите се трудат да ги објаснат луѓето докрај-и во животот ние никогаш нема да ги разбереме сосем.
Александар Солженицин

Автентичноста во секој формат е важна, така што се трудам доколку можам да останам што е можно пореален.
Боби Боунс

Ако не можеш да живееш сосем како луѓето, труди се да не живееш сосем како животните.
Хозе Сарамаго

Ако не правите грешка, значи не се трудите доволно.
Чарли Паркер

Ако не сакате да трупате непријатели, трудете се да не им ја покажувате на луѓето својата супериорност.
Артур Шопенхауер

Ако сакате да останете незаменливи, трудете се да не личите на другите.
Кејт Мос

Ако сакаш да ги задржиш пријателите, потруди се да не се гледаш со нив.
Тристан Бернар

Ако сакаш и се трудиш многу, сè е можно.
Никол Сноу

Ако сè што ќе пробате работи, значи не се трудите доволно.
Гордон Мур

Ако спориш со идиот, труди се да се увериш дека и тој не го прави истото.
Огден Неш

Ако ти се укаже можност да го заработиш својот леб, труди се да го направиш посладок со својата веселост, а не со горчливите секојдневни жалења дека не е пита.
Луиза Меј Олкот

Ако ти си исклучок, труди се колку што можеш повисоко да го потврдиш правилото.
Вислав Бруџински

Бев толку сам на ова патување, отсечен од моето минато. Колку и да се трудам, секогаш ќе се чувствувам туѓ и чуден. И сега налетав на колега аутсајдер кој го зборува мојот јазик без да каже ниту збор.
Кристина Бејкер Клајн

Без разлика колку е мрачен твојот живот, отвори очи и погрижи се да ги видиш можностите. Ти ќе ги видиш затоа што таму ги има секогаш.
Норман Винсент Пил

Би било прекрасно ако противниците на теоријата на еволуцијата се потрудат да ги проучат макар и основите на она против што се борат.
Ричард Докинс

Бизнисот и новите работни места вклучуваат ризик; понекогаш се случува неуспех, понекогаш доаѓа успехот, но секогаш треба да се трудиме. Станува збор за мечта. Како по правило, сè станува сосем не така како сме си го претставиле.
Мит Ромни

Божицата Фортуна на повеќе наврати била многу благословена кон мене, и јас се трудам да ѝ возвратам со добра работа.
Александар Флеминг

Важно е да се трудиш да бидеш опкружен со луѓе кои можат да ти дадат малку среќа-затоа што вие живеете само еднаш, пријателе.
Елвис Присли

Веќе не одговарам на прашања и ќе се потрудам да не си ги поставувам на себеси.
Семјуел Бекет

Вие сте толку очајни да го добиете одобрението на другите, што никогаш нема да се ослободите од нивните критики, колку и да се трудите.
Елиф Шафак

Во нашата дигитална ера ние располагаме со електронски средства кои ни дозволуваат да воскреснеме во меморијата повеќе или помалку секое лице. Но, во исто време лицата беа како телефонски броеви: ние се трудиме да го запомниме најважното.
Дејвид Николс

Во сите врски трудете се да ја зачувате својата индивидуалност.
Лари Вингет

Во што се состои тајната на неговиот успех? Тоа е обусловено од тоа дека тој се труди да живее во рамките на еден ден.
Дејл Карнеги

Водечко правило за адвокатот, како и за човек во секоја друга професија, е трудољубивоста. Не оставајте ништо за утре што може да се направи денес.
Абрахам Линколн

Времето често ги убива оние кои се трудат да го убијат.
Пјер-Клод-Виктор Боис

Вселената дава трудољубивост, а не изговори.
Ендрју Метјус

Вселената секогаш се труди да удри во вашата најслаба точка, бидејќи треба да ја зајакнете.
Крис Прентис

Генерално мразам да тренирам-како и повеќето луѓе, претпоставувам. Се трудам да биде забавно и разновидно.
Луис Хамилтон

Гледате ли, јас секогаш се трудам да ги поправам луѓето.
Ричард Фајнман

Господ создал луѓе, а вие се трудите да ги претворите во говеда.
Хариет Бичер Стоу

Грижата и трудољубивоста носат среќа.
Томас Фулер

Да ја гледаш смртта во очи, да го предвидиш нејзиното приближување, да се трудиш да не се излажеш, оставајќи ја на себе до последен момент, не отстапувајќи и да не се плашиш-тоа е дело на силен карактер.
Дмитриј Писарев

Да ​​живееш едноставно значи да се движиш од едно пространство во друго, трудејќи се да не настрадаш, ако е можно.
Жорж Перек

Да чуваш тајни додека се трудиш да ги заборавиш, значи да си стекнеш таква моќ.
Дејвид Морел

Да чуваш тајни трудејќи се да ги сокриеш, да ги заборавиш, значи да си под нивна моќ.
Томас Де Квинси

Да ​​пишуваш за војната е буквално да ја уништиш надежта во себеси. Буквално да гледаш во лицето на смртта и да се трудиш да не го тргнеш погледот. Но, на крајот на краиштата ако го оттргнеш, ти се предаваш себеси.
Нарине Абгарјан

Да претрпиш неуспех по долга трудољубивост е многу подостојно, отколку цоопшто да не се стремиш кон ништо.
Џорџ Елиот

Да ѝ прикажуваш на толпата е исто како да се трудиш да раководиш мравки.
Стивен Кинг

Да се трудиш да бидеш свој е единствено средство да имаш успех.
Мари Анри Бејл (Стендал)

Да се ​​трудиш да заборавиш нешто, значи цело време да помниш за него.
Жан де Лабрие

Да се ​​трудиш повеќе од другите, ретко води до успех. Да се обидуваш да бидеш попаметен од другите, е правилниот начин.
Џек Трут

Да умреш не е толку едноставно, треба уште да се потрудиш.
Бети Смит

Да, јас сум мрзелив човек, што има да се крие. Но, исполнителен. Ако некому му ветам, се трудам да го исполнам.
Јуриј Никулин

Двапати бев ранет, но колку и да се трудев смртта не ме зеде. Нејзе ѝ се нужни оние што сакаат да живеат, по ѓаволите!
Аптон Синклер

Душата не се стреми кон вечен живот, туку потрудете се да го исцрпите она што е можно.
Пиндар

Единственото нешто што се трудам да го направам кога создавам музика е да го направам директно и едноставно да го изразам она што ми е на срце.
Сергеј Рахмањинов

Единственото средство да се ослободиш од твоите трауми е да се трудиш почесто да ги заборавиш, но и тоа не помага.
Рју Мураками

Една добра врска изискува малку труд и трпение. Но, не е нужно да се трудите усилено за да бидете забележани. Воспоставувањето емотивна врска треба да биде лесно.
Линдзи Гибсон

Животот е пат со пречки. Успевате во едно нешто и потоа преминувате на следното. Кога пречката е тешка, трудете се повеќе. Кога пречката е несовладлива, вие сменете го курсот. Но, никогаш не седнувајте и не се откажувајте да завршите.
Бетани Франкел

Животот треба да се прифаќа таков, каков што ви се нуди-но од тоа да се трудите да земете сè најдобро.
Јан Мартел

За волја на Бога, не бидете совршени, туку на секој начин трудете се да го достигнете совршенството во сите негови форми.
Карл Густав Јунг

За поразите секогаш треба да се трудиш да ги заборавиш што побрзо.
Том Роб Смит

За универзумот четири дена се исти како четири милијарди светлосни години. Се трудам да го помнам тоа.
Роберт Џејмс Волер

За што живееме ако не се трудиме да го олесниме животот еден на друг?
Џорџ Елиот

Запомни! Добриот човек се труди да живее и да умре таму каде што е роден.
Фазил Искандер

Злото е породено од трудољубивоста на луѓето да променат нешто на подобро.
Грегори Дејвид Робертс

Знам дека не постои такво нешто како гениј, генијот не е ништо друго освен труд и трудољубивост.
Вилијам Хогарт

И покрај фактот што јас самиот секогаш се трудев да бидам пријателски настроен кон сите, никој не ме почести со своето „пријателство“.
Дазаи Осаму

Идиотите се трудат да се мешаат, но јас никогаш не правам преработки, ако самиот јас не сум согласен со нив.
Бери Левинсон

Иднината изгледаше светла, но колку и да се трудевме на нашите насмевки им недостасуваа неколку заби.
Вирџини Грималди

Избегнувајте ги оние кои се трудат да ја поткопаат вашата вера во самите вас. Великиот човек, од друга страна, го влева чувството дека можете да станете велик.
Марк Твен

Изберете тема што ве интересира и потрудете се да станете експерт во таа област. Ви ветувам, ако вложите усилби и станете експерт, ќе имате прекрасна кариера.
Дан Шехтман

Измамниците секогаш се трудат да изгледаат како чесни луѓе.
Дејвид Мичел

Има вистинска  едноставност во моментното женско облекување. Тие се покажуваат премногу и се трудат премногу. Тие не разбираат каде е границата меѓу секси и вулгарно. Знам каде е таа линија.
Роберто Кавали

Има нешта кои секој е должен да се потруди да ги запомни.
Роберт Пен Ворен

Ја фалите трудољубивоста, а не интелектот.
Џон Медина

Јас не ги перципирам нештата такви какви што се, туку се трудам да ја најдам нивната суштина.
Роберт Џејмс Волер

Јас не одам на работа кога сум пијан. И обратно. Принцип на кој се трудам да се придржувам.
Ју Несбе

Јас не се трудам да бидам совршен во сè.
Синди Крафорд

Јас не сум од оние луѓе кои трчаат од партија во партија. Многу се трудам да останам дома и помалку да ги слушам мислењата на непознати-добро или лошо.
Мила Јововиќ

Јас не сум традиционален политичар и имам смисла за хумор. Ќе се потрудам да го омекнам и да станам здодевен.
Силвио Берлускони

Јас никогаш не ги „натоварувам“ оние околу мене со моите проблеми. И се трудам да ги сокривам.
Олег Јанковски

Јас се трудам да ги сакам сите луѓе.
Харпер Ли

Јас се учам од целиот живот! На крајот на краиштата, се трудам да го изучам животот и да извлечам искуство од сè со што ќе се сретнам. Дури умирајќи, за сè ќе се набљудувам себеси од страна и ќе го изучувам животот.
Дени Де Вито

Јас сум филозофот на компанијата и каменот во обувката. Јас сум тој што вели дека треба да се потрудиме повеќе, да го подобриме квалитетот на нашите производи, да станеме дел од политичкиот процес, да помогнеме да се изберат луѓе кои се добри за околната средина.
Ивон Шуинар

Како деца точно знаеме на што се радуваме и се трудиме најголемиот дел од секој ден да го исполниме со слични дејности.
Џон П. Стрелецки

Кога ви е грижа за нешто, вие се трудите да го направите добро. Кога се грижиш за сè, не правиш ништо добро што потоа те принудува да се трудиш уште повеќе. Добредојдовте да бидете уморни.
Кендра Адачи

Кога луѓето не се сакаат себеси особено силно, тие се трудат да се исполнат со нешто. Класичниот кавгаџија првично секогаш бил жртва.
Том Хидлстон

Кога не се трудиш да се насмевнуваш, се насмевнуваш уште повеќе.
Никола Јун

Кога некој верува во тебе, ти се трудиш да му докажеш дека е во право.
Филип К. Дик

Кога некој се труди, како сега мајка ми или некое дете, треба да го поддржат, да го фалат, а не да му укажуваат што сè уште не направил.
Кристин Ностлингер

Кога немате ништо, пусто место, останува само да ѝ дадете волја на фантазијата. Ти се трудиш некако да ја пополниш празнината.
Дајан Сетерфилд

Кога нервите отишле по ѓаволите, подобро е да се трудите да го држите јазикот зад забите.
Томас Харис

Кога нешто било перфектно, има тенденција да се трудиме многу да го повториме.
Една О’Брајан

Кога пороците нè напуштаат, ние се трудиме да се увериме дека сме ги оставиле.
Франсоа Ларошфуко

Кога пред сè се трудев со сите сили, никој ниту еднаш не ме пофали, но сите забележаа кога јас почнав да работам невнимателно.
Трејси Шевалие

Кога се трудиш да направиш нешто ново и да го прекршиш старото-наоѓаш непријатели. Горд сум што јас имам толку многу.
Руперт Мардок

Кога се трудиш премногу и премногу се тревожиш, изгледаш лошо. Ти си лош. Да, продолжувај, но не плаши се да изгубиш денес. Денес нема да те направи или скрши.
Френк Бетгер

Кој го троши целиот свој труд за да се всели, тој ризикува да му биде здодевно долго.
Пјер-Клод-Виктор Боис

Кој живее во најголема тревога за својата работа?-Оној што е на висока позиција и се труди да ја зачува својата благосостојба.
Биас

Кој мисли многу, тој зборува малку, трудејќи се да притисне што повеќе мисли во малку зборови.
Вашингтон Ирвинг

Кој не знае колку е непријатно да бидеш на гости кога знаеш дека домаќинот не те сака во душа и не те почитува, туку од должност кон својот вид се сили, трудејќи се да ти се насмевнува.
Алексеј Писемски

Колку е полоша состојбата на нештата, толку повеќе треба да се трудиме да ги поправиме.
Винстон Черчил

Колку е прекрасно што ние сме способни да се создадеме себеси, ако се трудиме многу.
Кетрин Хепберн

Колку и да се труделе, тие никогаш не би можеле да ги понесат со себеси сите свои спомени: најубавите спомени ќе останат тука, меѓу овие тенки ѕидови.
Ирина Немировски

Колку и да се трудиме, во текот на летото ќе има муви.
Ралф Валдо Емерсон

Колку и да се трудиме да бидеме добри, тоа секогаш не е доволно.
Џефри Кент Евгениде

Колку и да се трудите, има некои нешта од кои едноставно не можете да избегате.
Алан Ескенс

Колку и да се трудите, каде и да се криете, некој сепак ќе ве најде.
Дот Хачисон

Колку и да се трудите, колку и да се спасувате, не можете да избегате од себеси.
Џејмс Керол

Колку и да се трудите, најболните фази од вашиот живот нема да бидат избришани. Киселините не исчезнуваат. Времето не лечи. Тоа е лага. Едноставно се навикнав на болката. Ништо друго.
Лиз Нуџент

Колку и да се трудите, невозможно е да бидете благодарен и депресивен.
Роберт Холден

Колку и да се трудите, одвреме-навреме сите имаат негативни мисли. А понекогаш дури почесто. Можеби секој ден. Или можеби стопати на ден.
Гари Џон Бишоп

Колку и да сме доживеале болка, никогаш не се навикнуваме на неа. Секогаш се трудиме да ја избегнеме.
Џо Аберкромби

Колку повеќе знаеме, толку повеќе можеме да заработиме. Човек кој се труди да разбере повеќе за својата работа, задолжително ќе биде награден.
Џорџ Клејсон

Колку повеќе се трудиме да ги одржуваме нашите мисли позитивни, толку попријатно ќе биде нашето патување во животот.
Џејмс Ван Праг

Колку повеќе се трудиш да извлечеш некаква корист за себе, толку помалку ќе се радуваш на она што очајно го бараш.
Вејн Даер II

Колку повеќе тој се трудеше да не биде човек, толку стануваше почовечен.
Ромен Гари

Колку повеќе човек се труди да постигне задоволство, толку помалку го добива.
Виктор Франкл

Константен труд-не сила или интелигенција- е клуч за отклучување на нашиот потенцијал.
Винстон Черчил

Кучињата без зборови знаат да ги утешуваат луѓето. Тие ја знаат и прифаќаат тешката животна вистина која луѓето се трудат да не ја забележат дотогаш, додека таа грда вистина е облечена во зборови.
Дин Кунц

Луѓето лажат затоа што сакаат да ги импресионираат луѓето околу нив. Се трудам да не импресионирам никого. Би било разумно да го запомните тоа.
Џина Шоволтер

Луѓето се трудат кога знаат дека им се цени трудот.
Брендон Сандерсон

Луѓето се трудат, но не стануваат позрели. (Луѓето се трудат, но не растат.)
Алфонс Доде

Луѓето секогаш умираат. Тие имаат таква лоша навика и тука не можете ништо да промените, колку и да се трудите.
Сали Грин

Љубовта е маѓепсана загатка која не можеш да ја собереш, без оглед колку многу се трудиш.
Ричард Браутиган

Љубовта претставува таква состојба која претпазливите луѓе се трудат да ја избегнат.
Роберт Шекли

Љубовта се плаши од разумот; разумот се плаши од љубовта. Едното премногу упорно се труди да мине без другото. Но кога ќе успее, очекувајте проблеми.
Зигмунд Бауман

Мажот ги цени не трудењата на жената да направи од него колку може повеќе, туку повеќе од сè цени кога жената го цени.
Џон Греј

Мачката ќе се потруди да се задржи на вашите колена дури и кога вие ќе станете од столот. До последната секунда ќе се надева дека ќе ви се разбуди совеста, а вие ќе седнете обратно.
Пем Браун

Ми се допаѓа да сум знаменитост кога тоа ми помага. Во останатото време се трудам да бидам едноставно човек од толпата.
Кетрин Денев

Минатото се труди да не остава излишни траги.
Дилан Томас

Мислам дека премногу се трудам да бидам сè за сите.
Џози Силвер

Многу е тешко да живееш, ако цело време се трудиш да му се допаднеш на секој.
Агата Кристи

Можеби ќе изгубам илјада години трудејќи се да го избришам од мојот ум тој момент, но тој сепак ќе го изгори мојот ум.
Џејми Мекгваер

Можно е сите наши напори да нè доведат до ништо; ние треба да го славиме својот триумф сега, додека уште  можеме.
Мајкл Сванвик

Мудроста е кога не се сметаш себеси за поумен од сите, туку се трудиш да не бидеш поглупав од другите.
Борис Крутиер

На некои луѓе едноставно е невозможно да им помогнеш, колку и да се трудиш.
Гај Гавриел Кај

На секој јазик умеам да разговарам со секого, но тој инструмент се трудам да не го користам.
Виктор Черномирдин

Надежта е едно од најжестоките чувства. Обично се трудам да се држам подалеку од неа.
Ненси Холдер

Најдобар начин да запомните нешто-потрудете се да го заборавите.
Мишел де Монтењ

Најдобар одговор на прашањето „Зошто да се трудиш?“ е друго прашање: „Зошто не?“. Што друго ќе правите со вашиот живот?
Џим Рон

Нам ни недостига само неопходното: големо парче од небото. Трудете се секогаш да задржите парче од небото над вашиот живот.
Марсел Пруст

Научи се да ги препознаваш своите таленти, а потоа работи напорно и труди се да ги развиеш. Таков е патот кон среќата.
Џон Апдајк

Нашите грижи за личната среќа целосно зависат од тоа колку се трудиме да ги направиме среќни другите.
Џером К. Џером

Нема да се „потрудите“, а ќе го направите-ќе се трудите на друго место. Мене ми се нужни резултати, а не ваши напори.
Вадим Панов

Не верувам дека можеме да го промениме светот кон подобро. Верувам дека можеме да се потрудиме да не го правиме полош.
Чарлс Буковски

Не е важно колку години имаш. Секогаш труди се да ги инспирираш, негуваш и поддржуваш другите.
Деми Ловато

Не е доволно да посакаме од работниците да се трудат повеќе. Нашите сегашни проблеми се предизвикани од тоа дека премногу се трудиме во погрешни нешта.
Ерик Рис

Не ме претворија во близок, колку и да се трудеа.
Михаил Шолохов

Не можеш да сакаш без да се трудиш да разбереш. И не можеш да разбереш без да сакаш.
Михаил Јуревич Герман

Не плаши се од страдања. Ти имаш сила на душата, а имено поради тоа страдаш посилно од другите и се трудиш да ги избегнеш на секој начин. Но, страдањето води до височини и целиот свет станува подобар благодарение на тоа.
Иван Ефремов

Не прави ги пријателите непријатели, туку потруди се непријателите да ги направиш пријатели.
Питагора

Не пукајте по готвачот! Се труди толку!
Курт Вонегат

Не се плашам од ништо, освен од човечка глупост. Се трудам да ја избегнам, но понекогаш кога не оди просто гледам и се смешкам.
Жерар Депардје

Не се потпирајте премногу на реформи на општеството. Потрудете се да се реформирате самите себе.
Жил Ренар

Не се трудете премногу. Спомените се враќаат по своја волја.
Лотар-Гинтер Бухајм

Не сум утрински човек, едноставно се трудам кога треба да спијам.
Чарлс Штрос

Не треба да се трудиш да бидеш многу мудар, особено кога ја менуваш темата на разговорот.
Томас Харис

Не трудете се да бидете планина од мускули. Грубата физичка сила нема да ја победи брзината и издржливоста.
Брус Ли

Не трудете се да им угодите на пријателите, да се согласувате со вашите учители трудејќи се да не навредите никого. Во оваа етапа од патувањето можете да најдете мир, можеби спокој и дури благосостојба, но тоа никому нема да му користи.
Владимир Обручев

Не трудете се да корегирате лажна претпоставка, ако тоа игра во ваша полза.
Иванка Трамп

Не труди се да бидеш исклучок, инаку ќе те искористат за потврдување на правилото.
Доминик Ополски

Не труди се да ги избегнуваш искушенијата; со текот на времето тие сами ќе почнат да те избегнуваат.
Бертранд Расел

Не труди се да разбереш сè. Така е поинтересно.
Адријано Челентано

Невозможно е да ги натераш пчелите да ја запрат својата работа, дури ако силно се трудиш.
Сју Монк Кид

Недоволно е да се поттикнуваме работниците да се трудат повеќе. Сегашните наши проблеми се предизвикани од вложување премногу напори за погрешни нешта.
Ерик Рис

Нека не се трудиме да бидеме подобри или полоши од другите, туку нека се трудиме да бидеме најдобрите за себеси.
Маркус Гарви

Некои нешта ние не можеме да ги контролираме, колку и да се трудиме.
Гејл Форман

Некои се трудат. Некои созреваат.
Шон Конери

Нема залудно трудење бидејќи дури најмалиот труд може да ја турне судбината и да ја врати надежта.
Тонино Бенакиста

Нема потешка работа од тоа да се трудиш да изгледаш убава од осум наутро до полноќ.
Брижит Бардо

Нема такви ситуации кои е невозможно да ги зафркнеш-само треба да се потрудиш.
Ник Хорнби

Ние не можеме да се вратиме и да го промениме минатото. Затоа, пак, можеме да се потрудиме да ја направиме сегашноста подобра.
Фани Флаг

Ние самите се трудевме да бидеме интересни, додека тие чекаа тоа да им го разбуди интересот.
Рут Рајшил

Ние се трудиме да ги сокриеме чувствата од оние кои треба да ги знаат нашите искрени чувства.
Колин Хувер

Ние се трудиме, правиме планови, се подготвуваме за едно, а судбината ни поднесува нешто сосем друго.
Пјер де Бомарше

Ние секогаш се трудиме да ги заштитиме оние што ги сакаме.
Брендон Сандерсон

Никој не е во поголема непријатност за другите, колку луѓето кои очајно се трудат да не пречат.
Елена Михалкова

Никој не се раѓа со омраза спрема друг човек поради бојата на кожата, потеклото или религијата. Луѓето се учат да мразат, а ако можат да се научат да мразат, нужно е да се трудат да ги научат на љубов, бидејќи љубовта е многу поблиску до човечкото срце.
Нелсон Мандела

Ништо на овој свет не останува без награда, дотолку повеќе во случај ако човек се труди.
Роџер Тејлор

Ништо не може да биде полошо од уште една година „следење на традиционалните вредности“. И колку и да се трудите, секогаш се докажува дека сте направиле сè погрешно.
Џил Марфи

Оној кој е вистински пријател, оној кој е и вистински човек се труди да не остане во долг и пред општеството.
Антони Шафтсбери

Паметта секогаш се труди да ја заспие совеста.
Дмитриј Глуховски

По природа сум кукавица. Се трудам да не го покажам тоа, но јас сум кукавица.
Џером Дејвид Селинџер

Поблагородно е целосно да се посветиме на една индивидуа, отколку да се трудиме грижливо за спас на масите.
Даг Хамарскјолд

Повеќето од луѓето работат голем дел од времето за да живеат, а незначителното слободно време што им останува притоа толку ги тревожи, што се обидуваат на сите начини да се трудат да се ослободат од него.
Јохан Волфганг Гете

Под овие околности, еден поглед, еден збор, еден знак на доверба може да достигне многу повеќе, отколку многу години вредна човечка трудољубивост.
Франц Кафка

Подоброто е можно. Не е нужна генијалност. Се бара трудољубивост. Неопходна е морална јаснотија. Се бара исклучивост. И пред сè, неопходна е желба да се обидите.
Атул Гаванде

Понекогаш пречка значи само тоа дека треба да се трудиш повеќе.
Меги Стивотер

Постојат два типа суеверни луѓе: едните се трудат никогаш да не ги спомнуваат несреќите, а другите постојано зборуваат за нив, се спротивставуваат на судбината, надевајќи се дека ќе одговорат на неволјата.
Морис Дрион

Потрудете се да не им се лутите на оние луѓе кои мислат дека ве познаваат подобро, отколку што се познавате самите себеси.
Џонатан Коу

Потруди се да го преживееш животот.
Дин Кунц

Потруди се да разбереш, неопходно е кога нема избор.
Хорхе Букај

Потруди се за почеток да се усовршуваш самиот себе, пред да започнеш да го усовршуваш својот ближен.
Морис Дрион

Потруди се никогаш да не се лутиш.
Арнолд од Виланова

Правете го она што го сакате и трудете се со сите сили.
Лариса Парфентиева

Прави го она што сметаш дека е правилно, но потруди се да не завршиш зад решетки.
Ешли Брилијант

Првото и најважното во животот-тоа е да се трудиш да владееш со самиот себе.
Вилхелм фон Хумболт

Преземете ризик и правете што можете и трудете се да не ве фатат. Ако сепак ве фатат, направете го тоа одново.
Џејмс Фреј

Прекумерната трудољубивост не води до ништо добро.
Софи Кинсела

Пријателите не можат да бидат непристрасни и често дури стануваат неправедни, трудејќи се да ја задржат непристрасноста.
Фридрих Хебел

Пукнатината останува пукнатина, колку и да се трудите да ја поправите.
Махатма Ганди

Пчелата вели: „Многу се зборува за мојата трудољубивост. Што се однесува на мене, повеќе се гордеам со својата боцка“.
Луциј Анеј Сенека

Работата нè спасува од три зла: здодевност, порок и потреба.
Франсоа Волтер

Работата се движеше со бесконечно мали чекори: нашите трудења личеа на одење на човек кој куца на двете нозе.
Питер Вотс

Разумната проценка не отстапува на ништо толку, колку на слика направена без технички познавања, макар и со многу грижа и трудољубивост.
Албрехт Дирер

Родителите се толку збунети од животот, колку секој друг. Но, тие се трудат многу.
Рохинтон Мистри

Сакам да кажам, едноставно…преживуваат.
Кијану Ривс

Сакаше да се претстави како итар човек, сакаше да го сокрие своето добро срце. Кој знае зошто луѓето со добри срца секогаш се трудат да го сокријат тоа од другите?
Џани Родари

Се потрудив да се одрекнам од општеството за да го избегнам искушението. Но, тоа беше лоша религија; доколку тоа преовладуваше, само ме правеше мрачен, глупав, недруштвен и бескорисен.
Џон Њутн

Сега открив дека ако знаеш што сакаш и се трудиш да го постигнеш, сите останати исто така ќе се трудат.
Пол Арден

Секогаш се трудам да претворам секоја неволја во можност.
Џон Рокфелер

Секогаш се трудам да работам со најдобрите. Кога работиш со оние што те надминуваат, во тебе се појавува шанса да се надминеш себеси.
Сем Роквел

Секогаш се трудев гледачот да не ги забележи моите напори, а на крајот имаше само леснотија и веселост, како пролетта-никој дури не ни замислува колку труд ја чини.
Анри Матис

Секогаш трудете се да бидете полезни, но никогаш не трудете се да бидете незаменливи.
Марија фон Ебнер-Ешенбах

Секогаш трудете се да најдете излез од проблемите и верувајте во доброто.
Катрина Кајф

Секогаш труди се да си премолчиш. Кога те навредуваат, подобро е да не одговараш ниту збор, туку само да гледаш и да мислиш.
Френсис Барнет

Секое животно при прва можност ќе се потруди да избега од кафезот. Вилијам Саројан

Секој шеф чија сол вреди, би претпочитал да работи со луѓе кои се трудат премногу, отколку со оние кои се трудат премалку.
Ли Јакока

Секој од нас избира што сака да придонесе и не е нужно да се трудиме премногу само за да му угодиме на некој што бара премногу.
Рафаел Сантандеру

Секој од нас има своја голема или мала тајна која ние се обидуваме да ја сокриеме.
Донато Каризи

Секој се труди да блесне со тоа што го има!
Теодор Драјзер

Секој што се труди да го подобри животот на животните, неминовно се соочува со критика од оние кои веруваат дека таквите напори се погрешни во свет каде што страда човештвото.
Џејн Гудал

Секоја разумна мисла веќе некому му паднала на ум, нужно е само да се потрудиме уште еднаш да отидеме до неа.
Јохан Волфганг Гете

Се трудам внимателно да се набљудувам, бидејќи понекогаш ми се чини дека случајно можам да кажам нешто сериозно и важно.
Лесли Нилсен

Се трудам да бидам објективен во однос на технологијата. Во агностичка смисла.
Вилијам Гибсон

Се трудам да живеам нормален живот, не ни обрнувајќи внимание на тоа дека тоа не е секогаш лесно.
Ема Вотсон

Се трудам да живеам со моето срце, правејќи го она што го чувствувам.
Хит Леџер

Се трудам да избегнувам супстанции кои прават да се чувствувам поумен, посилен или поубав отколку што сум всушност.
Том Робинс

Се трудам да најдам внатрешна хармонија која ми дава мир и увереност во себеси.
Орнела Мути

Се трудам да направам сè што можам денес и да не мислам на утре. Сè што има значење се случува токму сега.
Марк Шпиц

Се трудам да не ги прифаќам нештата сериозно.
Питер Џексон

Се трудам да не стекнувам нови пријатели. Само старите ме паметат како сум бил секогаш.
Бенедикт Камбербач

Се трудам да размислувам. Тоа не ми дава да се претворам во идиот.
Алексеј Пехов

Се трудам да работам на она што ме движи, што ме интересира и што ми создава пречки.
Кевин Спејси

Се трудам спрема сите луѓе да се однесувам со еднаква почит.
Сандра Булок

Сета среќа зависи од храброста и работата.
Оноре де Балзак

Сите го одбележуваа заминувањето на старата година и пристигнувањето на новата, трудејќи се да ги заменат старите пороци за нови добродетели.
Марк Фрост

Сите грешки се само дел од играта. Не размислувајте за нив, само трудете се колку може побрзо да ги поправите.
Алис Купер

Сите ние се трудиме со сите напори да не оздравиме-всушност, оздравувањето од сите болести е смртта.
Томас Браун

Со годините луѓето стануваат поглупави, освен ако не се трудат да станат попаметни.
Натаниел Хоторн

Со други зборови, јас не ја разбирам современата уметност. И сум уверен дека и таа не ме разбира. Затоа се трудиме да држиме дистанца и да не се доближуваме еден до друг без потреба.
Денис Лихејн

Со текот на годините ние разубавуваме некои спомени и се трудиме да заборавиме други.
Изабел Аљенде

Таа се трудеше многу да биде жената каква што се очекуваше да биде.
Ешли Одрејн

Така се случува: колку човек е подалеку од војната, толку повеќе се труди да се прикаже себеси како храбар воин.
Валентин Пикул

Таква е човечката природа: откако ќе го вкуси чудото, таа се труди да го види во наједноставните животни собитија.
Јан Потоцки

Твојата намера во животот е да пронајдеш своја намера и да ги вложиш сиот твој труд и срце во неа.
Гаутама Буда

Тешко е да се трудиш да го правиш она што го мразиш.
Колин Хувер

Ти нема да станеш добар, труди се да бидеш добар.
Екхарт Толе

Ти се трудиш во нечовечки услови да останеш човек. Можеби е тоа и убаво, но и бесмислено.
Станислав Лем

Толку многу од луѓето се трудат да станат возрасни, и во тоа нема ништо добро! Нужно е да останеш дете колку што е можно подолго.
Ванеса Хаџенс

Точно како вас, и вашиот партнер сака да биде сакан таков, каков што е, и покрај неговите маани. Трудете се да им кажете дека се сакани, дури ако дел од нивното однесување не е така. Работете на заеднички креативни решенија.
Ариел Форд

Треба да се потрудиш не да се убедиш себеси во тоа дека врвот на општеството е достоен за почит, а дното за сочувство и помош.
Жорис-Карл Хуизманс

Треба да се трудиме сè да правиме добро: од лошото само можеме да научиме.
Андреј Миронов

Треба да се трудиш така што децата да видат во тебе не строг учител, туку пријател со кого е интересно.
Јуничиро Танизаки

Треба секогаш да се трудиш-тоа е главното.
Пол Њуман

Трудете се вашиот соговорник да зборува повеќе отколку вие.
Дејл Карнеги

Трудете се да бидете разумни, а не богати: од богатството може да се лишиш, разумот е секогаш со вас.
Езоп

Трудете се да избегнувате банални искази за проблеми во општествениот живот кога разговарате со репортери.
Џек Николсон

Труди се да работиш само со оние кои се посилни од вас. Имено, таквите луѓе ти помагаат да растеш.
Оле Ејнар Бјорндален

Труди се да сакаш секој човек што ќе го сретнеш на твојот пат.
Вилијам Саројан

Труди се, мила моја, и еден ден ти ќе ја добиеш својата награда.
Луиза Меј Олкот

Труди се на оние што ги сакаш да им ги покажеш своите најлоши страни. Ако не те прифаќаат таков, значи дека тие не се за тебе.
Грејс Џонс

Труди се пред сè да бидеш мудар, а учен само кога имаш слободно време.
Питагора

Трудење во комбинација со трпение може да научи секого.
Фјодор Глинка

Трудењето е пат кон совршенството.
Бека Фицпатрик

Трудењето е поважно од талентот.
Хелен Расел

Трудете се да ги искористувате сите можности за да ги откриете своите способности.
Кен Робинсон

Трудете се да им го правите на другите она што некој го направил за вас.
Рандолф Фредерик Пауш

Трудете се да не ги нарекувате херои оние кои немале друг избор.
Насим Талеб

Трудете се да не си поставувате цели кои ве тераат да се чувствувате немоќни, под стрес или слаби.
Стив Павлина

Трудете се да постапувате така што несправедливата критика да стане уште понесправедлива.
Жан Ростан

Трудете се и почитувајте ги другите. Обидувајте се и продолжете да го извлечете максимумот од животот и најдете начини да го доведете во оваа ситуација, но и да го почитувате. Најдете начини за поврзување. Ако можете.

Трудољубивоста во сè најмногу вреди.
Карел Чапек

Трудољубивоста е мајка на добрата среќа.
Сервантес

Трудољубивоста е напад кој на многу луѓе брзо им минува.
Марк Твен

Трудољубивоста му е најголема помош на просечниот талент.
Луциј Анеј Сенека

Трудот и храброста не се доволни без намера и насочување.
Џон Ф. Кенеди

Тука е нужна не храброст, туку трудољубивост.
Херберт Велс

Убавината не може да се стекне или украде, колку и да се трудите.
Константин Паустовски

Учените во мнозинството се многу мил народ, толку тивки, меки, скромни, а во исто време тие така ревносно се трудат да ги споделат своите знаења со другите.
Вилијам Морис

Фактички, колку поактивно умот се труди да се ослободи од болката, толку таа станува посилна.
Екхарт Толе

Целата смисла е да го сфатиш животот, без да се трудиш премногу за да не се покаже напорната работа.
Мајкл Грубер

Често пропуштаме прилика зашто е облечена во работна облека и изгледа како работа.
Томас Алва Едисон

Човекот е животно кое се стреми да се усовршува, станувајќи бог и многу од неговите неуспеси се неизбежно последица на неговите трудења.
Колин Вилсон

Човекот кој се труди да ги прикрие своите слабости со громки фрази и благородни принципи, ненамерно предизвикува сомнеж.
Џавахарлал Нехру

Човекот со добро срце се труди секоја работа и дело да ги претвори во добро; човекот со злобно срце се труди во доброто да најде зло.
Катерина Втора Велика

Човечката ароганција се труди да не размислува за да не ја забележи својата ништожност.
Жак-Бенин Босуе

Човечката љубов е предавничка, не признава правила: понекогаш се дава токму така; понекогаш е потребно време и тежок труд за да се заработи; а понекогаш не може да се постигне со никакви трудења, таквата безнадежна љубов го крши срцето.
Стефани Мајер

Чувствувате ли некогаш дека тоа што се случува во овој момент нема да се повтори никогаш? Како никогаш да не би можеле да го повторите, колку н да се трудите?
Џенифер Смит

Џентлменот секогаш се однесува како воспитан човек и го кажува она што го налагаат правилата за добар тон и се труди да ѝ го олесни животот на дамата.
Маргарет Мичел

ДУМА, ОПИТ, УКА, 184