fbpx Прескокни до главната содржина

Агресија-Насилство

Тивки клокоти

Основно значење:

Однесување што го карактеризираат контактот и комуникацијата со други луѓе со сила.

Човечката агресија се изразува директно по пат на вербални, физички или комбинирани напади, а може и индиректно, низ компензација. Неприфатлива е, без оглед дали се користи за самоодбрана, лично подобрување или е деструктивна колку за  за себе, толку за други.

Сосема се во право оние што прават дистинкција меѓу однесувањата што се штетни и оние со кои се нема намера да им се наштети на други. Па за првите го користат терминот „агресија“, а за вторите „асертивност“.

Особено за споделување е ставот дека нагонот на агресивноста нема сопствен извор на енергија, туку е изведен од нагонот за живот и се јавува како реакција на фрустрација. Исто така ставот дека агресивноста е и стремеж за разурнување, одговор на ускратување на основни човечки потреби.

Кога насилството од ден на ден расте, тоа значи дека го поттикнуваат силници. Кога станува од големо до преголемо, значи дека е во нивни раце, та станале толку силни што никој ништо не им може. 

Прочитај и за ... >>  Горди, горделиви и суетни

И најмалото насилие не е човечко, ниту е само врз човек. Најпоследично и најтрагично е кога тој го врши врз себеси до самоти смрт.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 61

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.