91. Страсно и неизлечиво
Ја сакаше страсно некое време. Потоа се оддалечија. Заминаа секој на своја страна. Се заборавија?
Не узна која беше. Таа сакаше и стори сѐ да не узнае. Сама да не му каже, да не му открие, и никако и никаде случајно или намерно да не се сретне со некој што ја знае.
Не разбра, ниту некогаш ќе разбере дека во меѓувреме се разболе неизлечиво и почина.
Досега ниедна друга не сакал толку страсно како неа некое време.
Неизлечиво е болен.