fbpx Прескокни до главната содржина

Нов почеток

Човек гласно размислува за свој нов почеток. Во негова близина нема никој да го чуе или со кого би можел да сподели некои мисли и ставови, па се чувствува некако послободен одошто е вообичаено. Мене не може да ме забележи бидејќи успеав незабележано да влезам во неговата сенка.

„Значи, и мој нов почеток дека досега имало друг, понов од претходен? Можеби други кои не сум ги продолжил? Најпрва причина: не бил нов или досегашни не биле успешни како почетоци.

Признавам, никогаш не сум сакал, ниту сакам нов почеток. Многу ми е поприфатливо ново продолжение. Не знам, можеби затоа што сум творец, создавам дела кои секогаш можат од мене или од некој со мене во нив да бидат продолжени како да почнуваат одново.

Дело со нов почеток би требало да е ново, штотуку почнато. Нели? А може и да не е. На пример, да не ни почнало. Ниту да почнало, ниту да постои веројатност дека ќе почне некогаш. Старо дело не постои, што значи дека нема начин како таквото да добие нов почеток.

Прочитај и за ... >>  Речено неречено (Внатрешен разговор со себе)

Мене лично ми е најсложен новиот почеток на содржина без форма. Пред почеток на содржина во форма сум сосем рамнодушен, а според мене таа е небулоза. Најчесто залудно потрошена творечка или некоја друга, нетворечка  енергија. Најсложениот нов почеток на содржина без форма за мене, а мислам и за секој друг творец е мошне предизвикувачки.

А нов почеток на содржина и форма во исто време? Да, тоа би можело да биде вистински нов почеток.

Морам да се обидам. Без оглед дали ќе останам на него или ќе успеам да му овозможам и ново продолжение“.

ЖИК ВОТВОРНА СОНЧЕВИНА, наративна поезија, 86

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.