391. Предаден
Веќе не може да оди
кон својот хоризонт.
392. Дребен
Неговото дело одвремено
не остава трага по невреме.
393. Бодлец
Мал, речиси невидлив бодлец
се забил меѓу мрак и слепота.
394. Асли
Се докажал асли
далеку и без корен.
395. Плак
Еден плак пред да премали
се насели во питом предел.