Потребно време за читање: < 1 минута

206. Премален

Во средишна точка на сите страни
тој премален од години во беспатје.

207. Ново

Во ново старо како ново
незабележливо, сокриено.

208. Матни времиња

Не се знае со кого денес она
што утре ќе биде неминовно.

209. Без одговор

За него мислат безживотни
дека живее без личен живот.

210. Сиот имот

Ветрометен имот стои сам
како молк обграден со корени.