СТИВНУВАЊА НА ТРЕПЕТИ, поезија/двостишија, 231-235

Потребно време за читање: < 1 минута

231. Лик

Еден лик се огледува во длабина,
а не се препознава дека е нов.

232. Река

Секнала река по долг тек
меѓу нејзин и туѓ брег.

233. Распеана

Пее нежна песна убавица
будна во рано утро облачно.

234. Обгори

Се сврте и за последен пат
се загледа во своите обгори.

235. Праслика

Конечно стаса до прасликата
на неговата безвремена слика.