81. Личен
Тој е личен и нема друг
со него личен како него.
82. Виден
Виден е зашто се знае дека
создава долга низа години.
83. Наспоредно
Растат наспоредно тишини
обградени со грамадни стени.
84. Жив свет меѓу мртви
Овој жив свет меѓу мртви
го брани животот од смртта.
85. Предавство
Ѝ ги предаде на земјата
корените и коските.