СРЦЕВИНИ НА САМОТНИ СОПАТНИЦИ, роман

Потребно време за читање: 3 минути

44. Оддалечување

Неспоредливо е чувството на оддалечување меѓу Пламен и Бисера, Ѕвездана и Апостол, па и меѓу сите нив и Славка! Но, исто така е неспорно дека од ден на ден во секој од нив тоа расте, се шири, сè повеќе натежнува!

Апостол реагира прв отворено, а што секако не значи и совреме. Напиша SMS порака и им ја испрати на сите. Иако на Ѕвездана и Славка можеше да им ја предочи, да им ја прочита, па и да им ја прекаже од прв збор до последна точка:

„Зарем никој од нас не ни помисли дека многу брзо, како од вчера до денеска ќе почнеме да се оддалечуваме едни од други и едновремено да се отуѓуваме? Признавам дека јас воопшто не размислував за последиците од одлуката вие, наши родители, да заминете без нас во две многу далечни земји.

Да, и јас мислев дека времето навистина брзо минува, па ќе трае кратко, ќе мине брзо. Тоа не треба да биде никаква пречка за кариерно напредување и за наш, заеднички повисок животен стандард. Сега не мислам така! Напротив, чувствувајќи го меѓусебното оддалечување од ден на ден сè повеќе и сè подлабоко, почнувам да се обвинувам прво себеси оти не се спротивставив. Ако не со многу од аргументите што ми се наметнуваат сè повеќе на број, барем со најповршинскиот, најслабиот-нашиот животен стандард. Сакам да речам дека тој овде, во нашава Македонија ни беше и ни е повеќе од доволен. Нема да згрешам ако речам висок.

Прочитај и за ... >>  СРЦЕВИНИ НА САМОТНИ СОПАТНИЦИ, роман, 59

Знам дека тој не беше пресуден. Долго расправавме за состојбите во државава, нашата непомирливост со нив, најмниогу поради нејзината тоатална партизација и политизација, корупцијата и криминализацијата на целото општество. Се согласивме оти личното кариерно напредување е суштествено во животот на секој поединец, па со ништо не треба да се спречува. Меѓутоа…

Чувството на наше сè поголемо оддалечување еден од друг јас најпрвин го врзувам за љубовта. Меѓу тебе, татко и мајко, меѓу вас и мене и Ѕвездана, па и меѓу вас и Славка. Си недостасуваме еден на друг, тешко ни е на сите, но…

Забележувам како од ден  на ден го проретчуваме контактот! Веќе не се слушаме и гледаме секој ден, сè повеќе како да немаме што да си кажеме меѓусебно, како сè потешко да ја контролираме нервозата.

Ти, татко Пламен, веќе нè стави сите пред одлука, поточно согласност што поскоро одново да се собереме овде, во Скопје, во нашиов дом или кај мајка ни во Монтреал, во Канада. Од друга страна, ти, мајко Бисера, како да си најспокојна од сите нас, па и најзадоволна. Би рекол дури по малу рамнодушна во комуникацијата. Особено во односот со татко ни. Што ти се случува?

Прочитај и за ... >>  СРЦЕВИНИ НА САМОТНИ СОПАТНИЦИ, роман

Се чини дека Ѕвездана има сериозна врска со дечко со кого сè уште не ме запознала, па сè поретко сме заедно надвор од дома. Јас не сум во врска, но имам мало друштво девојки и младичи од училиштето со кои сум сè повеќе во слободно време. Тетка Славка е сè понерасположена, дури неретко реагира нервозно поради некои наши постапки и однесување. Се разбира, пред сè кога е збор за неисполнување на наши обврски на училиште и домашни задолженија.

Мислам дека сето наведено ми дава за право да заклучам дека чувството на наше сè поголемо оддалечување најпрвин „удри“ и „удира“ на љубовта.

Од вас, татко Пламен и мајко Бисера, зависи што и како отсега понатаму. Мене лично ми е сеедно каде ќе се собереме одново, каде што поскоро ќе продолжиме да живееме пак заедно, да учиме и работиме. Претпочитам тоа да е Монтреал, со оглед на севкупните состојби во земјава, а кои сигурно скоро нема да се подобрат. Веролјатно сте информирани оти иселувањето, поготово на младите учени секој ден е сè помасовно. Не мислат на билет во еден правец само старите и немошните. Да, и политикантите и партиските измеќари. Го имам предвид и сето она што ви се случуваше на личен кариеристички односно бизнисменски план.

Прочитај и за ... >>  СРЦЕВИНИ НА САМОТНИ СОПАТНИЦИ, роман, поглавје 64

Решете, пресечете. Поздрав“.

Leave the first comment