СОЗДАТЕЛ ВО ИЗГРЕВОТ И ЗАЛЕЗОТ, XII, СЕМОЖЕН, НЕМОШЕН И НЕВОЛЕН, Неволен, поетска студија за беспаќата во човекот

Потребно време за читање: < 1 минута

138. Од рани зори

Небото е безоблачно,
недогледно над мене;
на дофат ми е откога
прелетав обграден
живот
со суви планини
и голи врвови.

Од рани зори е
откога се будам
меѓу насмеани,
игриви и распеани
птици секакви;
дека заедно,
без ниедна смрт
стасавме на крајот
од сонот за љубов
со рожба безгрижна.

Тој сон, пак, никогаш
не бил, ниту може
да биде дел од стварен
секидневен свет,
туку секогаш бил
и може да биде само
почеток на повторно
вкоренување
во свест за опстојба
меѓу мали и големи
огнови,
едновремено меѓу
долги и мигновени
мразнини.

Небото е безоблачно,
недогледно над мене
од рани зори,
додека го правам
првиот чекор стамен
во предел безграничен
што ќе го освојувам
упорито
по раѓање, откривање,

согледување, наслушнување,
препознавање и именување.

 

Leave the first comment