147. Поразително
Пред скрвавени луѓе
во невреме на крај
рамнодушни деца
смислуваат легенди
за земни и небесни
божества
во сојузништво.
Скрвавените луѓе
не се ни обидуваат
да разберат дека
се одамна меѓу нив,
ги слушаат,
ги разбираат,
но не сакаат заедно
невремето на крај
да го испадат далеку
од светот и векот
создавани за живот.
Поразително е дека
скрвавените луѓе,
децата и божествата
земни и небесни
веќе не се среќаваат,
веќе не се видуваат,
веќе не се раѓаат,
ниту умираат
за паметење
на идни потомства.
Ниту трага за себе
зад себе не оставаат.